Хрватката Љутиќ го освои малиот кристален глобус во слалом

Хрватската скијачка Зринка Љутиќ го освои Малиот кристален глобус во слалом освојувајќи го 10. место на финалето на Светскиот куп во американскиот Сан Воли.
Победничка на последниот слалом сезонава е Американката Микаела Шифрин, која стигна до 101. победа во Светскиот куп, а 64. во слалом.
Втора беше Германката Лена Дир со заостанување од 1,13 секунди, а третото место го освои Словенката Андреја Слокар со заостанување од 1,14 секунда.
Љутиќ освои поени во девет од десет трки сезонава, во кои оствари три победи (Семеринг, Крањска Гора, Куршевел) и еднаш беше втора (Сестриере) и освои 541 бод, 32 повеќе од Австријката Катрин Лиенсбергер, која беше петта на денешната трка.
Kај мажите малиот кристален глобус во слалом го освои Херник Кристоферсен.