Флик: Не игравме добро, но најважно е што сме во полуфиналето

Најважното нешто по завршувањето на двата четвртфинални дуели во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд е конечниот збирен резултат и пласманот во топ 4 на најсилниот турнир во светот, смета првиот човек на Барселона, Ханзи Флик, откако ги елиминираше Германците. Барселона го загуби реваншот со 1-3, но тоа не беше важно поради нивната убедлива победа од 4-0 во првиот натпревар, со што вкупниот резултат беше 5-3.
„Ние сме во полуфинале. Пласманот го обезбедивме по подобриот резултат од двата натпревари, така што тоа го заслуживме. Борусија е прекрасен тим, не натераа да поминеме низ многу тешки моменти. Но, ние сме во следната фаза и тоа е фактот што е важен”, изјави поранешниот тренер на Баерн (Минхен).
Потоа се фокусираше на нивото на фудбал што го демонстрираше неговиот тим:
„Денес Барселона не го одигра својот најдобар натпревар, не го покажа својот најдобар фудбал. Но, ова е заслуга и на Борусија, која беше многу силна. Достигнувањата на нашиот тим во последната недела се навистина феноменални. Навистина сме на чекор до шампионската титула во Примера, но се уште сме далеку од конечната победа во Лигата на шампионите“ рече Флик.