Саудиска Арабија спремна да купи Формула 1 тим!

Во пресрет на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, раководството на земјата зборуваше за потенцијалното учество со својот тим во Формула 1. Принцот Калид бин Фајсал Ал Сауд најави дека може да се случи Саудиска Арабија да купи еден од тимовите во натпреварувањето.
„Тоа може да се случи и тоа брзо ако има раст во Ф1. Формула 1 тим се купува за да се заработат пари, особено ако е купен од некоја од компаниите на суверениот фонд на Саудиска Арабија. Не е лесно да се каже каков тим да се купи и како да се управува со него. Но, има голем интерес од наша страна. Ние сме домаќини на трка во Формула 1 и ги спонзорираме тимовите. Затоа, не би бил изненаден доколку наскоро има и еден тим од Саудиска Арабија“, изјавил принцот.