Одложено враќањето на Ентони Џошуа во рингот

Враќањето на професионалниот боксер Ентони Џошуа на рингот ќе биде одложено поради операција на лактот, која ќе го спречи да тренира до осум недели.

Џошуа не се борел откако претрпе пораз во пет рунди од шампионот во тешка категорија на ИБФ, Даниел Дубоа, на „Вембли“ во септември, а долгоочекуваниот реванш со Тајсон Фјури беше откажан поради неодамнешното пензионирање на неговиот британски ривал.

Сè уште постои можност Џошуа и Фјури да се сретнат подоцна оваа година, но прво 35-годишниот поранешен светски шампион ќе мора да се опорави од операцијата на која ќе се подложи овој месец.

-Се обидувам да си го вратам телото во форма. Ќе имам мала операција на лактот некаде во мај. Ги финализирам деталите. Тоа ќе ме оддалечи од теретана шест до осум недели и штом ќе заздравам, ќе се вратам во боксот, изјави Ентони Џошуа за ДАЗН.

Џошуа се опорави по два порази од Олександр Усик, запишувајќи три победи по ред, само за да биде нокаутиран од Дубоа во судир што доведе до повици до освојувачот на златниот медал од Лондон во 2012 година да се повлече од спортот.

Сепак, Џошуа е свесен дека борбата со неговиот долгогодишен ривал Фјури би била исклучително профитабилна и за двајцата.

Даниел Дубоа ќе се врати на „Вембли“ за да се соочи со Усик на 19 јули.