Елвир Баљиќ жестоко го критикуваше Жозе Мурињо

Фенербахче го запиша веројатно најболниот пораз сезонава, откако во рамки на 32. коло од турската Суперлига, на домашен терен загуби од големиот ривал Бешикташ со минимални 0:1. Со овој неуспех, тимот од Истанбул сега заостанува осум бода зад лидерот Галатасарај, а до крајот на сезоната остануваат само уште четири кола.

Незадоволството во редовите на гигантот од Истанбул расте, а главна мета на критики е португалскиот стратег Жозе Мурињо. Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина и некогашен фудбалер на Реал Мадрид, Галатасарај и Фенербахче, Елвир Балиќ, остро го нападна тренерот, нарекувајќи го „лош тренер“ и барајќи итна смена.

„Овој човек не прави сите будали. Итно нека си оди! Не покажува никаков респект кон клубот и навивачите. Повторно излезе со чуден состав, без логика. Екипата нема континуитет, а тоа е директна вина на него и неговото его“, изјави Балиќ, кој не криеше дека е разочаран.

Балиќ посочи и дека очекува Фенербахче да ја прекине соработката со Мурињо по крајот на сезоната.

„Немам никаква почит кон него повеќе. Играчите се без мотивација. Дали воопшто знаат што значи да се игра за Фенербахче?“, додаде тој.

Мурињо дојде во клубот на почетокот на оваа сезона со големи очекувања, но судејќи по моменталната состојба и незадоволството од резултатите и односот со тимот, неговата иднина во Фенербахче е под голем знак прашалник.