Интер е првиот финалист: По антологиска драма и продолженија ја елиминира моќната Барса

Интер, втор пат во три сезони ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Во спектакуларен натпревар, Интер ја победи Барелона на „Џузепе Меаца’ со 4-3, откако натпреварот во основниот дел заврши 3-3.
Интер по првиот дел имаше предност 2-0, Барселона се врати во вториот дел во интервал од шест минути, а пресвртот го комплетираше Рафиња во 88:минута. Пет минути подцна еден од хероите на Интер оваа вечер, Ачерби изедначи и избори продолженија.
Во дополнителните 30 минути натпреварот го реши Давиде Фратези во 99. минута.
Покрај Ачерби и Фратези, херој на Интер е и голманот Јан Зомер. Швајцарецот прими три гола, но имаше неколку изворедни интервенции. Осбено се истакна во 56.минута кога го одбрани ударот на Ерик Гарсија и во 114. минута кога беше поуспешен од Ламин Јамал.
Интер во финалето, на 31.мај во Минхен, ќе игра против победникот од натпреварот меѓу ПСЖ и Арсенал. Реваншот е во среда во Париз, ПСЖ има предност 1-0.