Барселона со нетрпение чека да понуди нов договор на Ламин Јамал

Дијамантот на Барселона моментално има младински договор во Каталонија кој истекува во 2026 година. Не може да потпише долгорочен договор додека не го прослави својот 18-ти роденден на 13 јули.
Барса работи напорно за да осигура дека има спремen договор пред тој ден. Според „SPORT“, разговорите околу договорот биле позитивни. Подготвен е да се потпише петгодишен договор кој ќе трае до 2030 година.
Барселона е решена да го задржи Јамал бидејќи разбирливо го гледаат како незаменлив член на нивниот прв тим, подготвени се да уживаат во неговиот талент и во идните години, и покрај шпекулациите за интерес од Пари Сен Жермен и Манчестер Сити.
Јамал, кој има постигнато 15 гола и 22 асистенции на 51 настап оваа сезона, моментално е вториот најскап играч во светот, со проценета вредност од 173,2 милиони евра.