Ентони Павлешиќ доби хрватски пасош и ќе игра на „коцкестите“

Хрватскиот фудбалски сојуз доби зелено светло од ФИФА – младиот голман на Баерн Минхен, Ентони Павлешиќ, доби дозвола за промена на фудбалското државјанство и отсега ќе може да настапува за репрезентациите на ХНС, соопштија од Сојузот.
ФИФА преку својата Комора за статус на играчи го одобри барањето на ХНС, со што 18-годишниот Павлешиќ, кој е роден на 31 јануари 2006 година во Ферфилд, Австралија, и официјално стана достапен за селекциите на Хрватска.
Павлешиќ ја почна кариерата во Сиднеј Јунајтед, а минатата година го привлече вниманието на Баерн Минхен, каде што моментално брани за втората екипа. Според податоците на Transfermarkt, оваа сезона има девет настапи и девет примени голови за вториот тим на баварскиот гигант.
ХНС доби нов талентиран чувар на мрежата, кој веќе ги носи боите на еден од најголемите клубови во Европа.