Варди ќе го замени Лестер со Кристал Палас

Џејми Варди кој ќе го напушти Лестер на крајот на сезоната, има реални шанси да остане во елитанта фудбалска конкуренција на Англија.
Според дел од медиумите, 38-годишниот напаѓач може да добие понуда да го облече дресот на Кристал Палас. Варди во сезонава одигра 35 натпревари во Премиер лигата, постигна 9 гола и имаше 4 асистенции.
Ветеранот беше дел од легендарниот состав на „лисиците“ кој ја освои сензационално премиер Лигата во сезоната 2015/16.