Тареми заглавен во Техеран, му виси настапот на Светското клупско првенство

Напаѓачот на Интер, Мехди Тареми, не може да го напушти родниот Иран и малку е веројатно дека ќе може да игра на Светското клупско првенство во САД.
Поради конфликтот меѓу Иран и Израел и сè што се случува на Блискиот Исток, во овој момент тој нема начин како да го напушти Техеран.
Според информациите објавени од италијанскиот „Скај Спорт“, тој моментално е во Техеран, каде што сите авиони се приземјени и немаат дозвола за полетување.
Неговите соиграчи од Интер веќе се во Лос Анџелес каде се подготвуваат за почетокот на Светското клупско првенство на ФИФА. Сигурно е дека ќе мора да се справат без него.
Првиот натпревар на Интер под водство на новиот тренер Кристијан Киву е закажан за среда, 18 јуни во 3 часот наутро против Монтереј, а потоа следат натпреварите со Урава и Ривер Плата.
Тагови: Интер Милано