Алегри побара шест засилувања во новиот Милан

Масимилијано Алегри ја презеде клупата на Милан по заминувањето на Серџо Консеисао.Трофејниот стратег дојде без огромни очекувања и барања од управата, ама сепак си има јасна цел и позиции во тимот кои мора да му бидат „обновени“ и засилени. Според најавите од Италија, Алегри сака дури шест нови стартери во тимот.
Досега Милан го заврши само доаѓањето на Лука Модриќ кој треба да потпише по Светското клупско првенство.
Голема желба на управата на чело со новиот спортски директор е Гранит Џака, а орбитираат уште неколку имиња. За бековските позиции идеи се Олександр Зинченко и Гуела Дуе, за средината посакуван е Хави Гуера од Валенсија. За дефанзивниот дел најголема желба е талентираниот стопер Џовани Леони од Парма.
Во нападот „росонерите“ сонуваат позвучно и поскапо име и имаат неколку опции како Дарвин Нуњез, Душан Влаховиќ или Виктор Осимен.