Мурињо го сака Алексис Санчез во Фенер

Изненадувачки вести од Италија, „Газета дело Спорт“ тврди дека Фенербахче тргнува по Алексис Санчез.
Фудбалерот кој има 38 години минатата сезона ја мина во Удинезе и не се прослави многу, но тоа не му пречи на Фенер да сака да го ангажира.
Турскиот клуб му понудил годишен договор со плата од 4 милиони евра и приватен авион на располагање додека е играч на Фенер.
Санчез добро го познава Мурињо со кој веќе соработуваше во Манчестер Јунајтед.