Гарначо одбил фараонска понуда од Саудиска Арабија

Алехандро Гарначо ја одбил понудата од саудискиот Ал Наср каде што настапува Кристијано Роналдо, пренесуваат британските медиуми.
Тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим не смета на Аргентинецот, иако во изминатата сезона Гарначо постигна 11 голови и подели десет асистенции. Желбата на фудбалерот е да остане во Евопа, а најголем интерес до овој момент за него покажа Наполи, кој се обидуваше да го доведе и во зимскиот преоден рок.
Тогаш клубот од Неапол понуди 45 милиони евра, но Јунајтед ја одби таа понуди. Италијанскиот клуб сепак не се откажува и сака да го доведе во своите редови, меѓутоа прашање е дали се подготвени да платат 57 милиони евра колку што бараат „црвените ѓаволи“.
Гарначо како 16-годишник замина од Атлетико Мадрид и се придружи на академијата на Манчестер јунајтед, додека за првиот тим на гигантот од „Олд Трафорд“ започна да настапува од летото 2022 година.