Еквадорецот Инкапие му се нуди на Реал Мадрид

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Пјеро Инкапие е понуден на Реал Мадрид како решение за дефанзивните проблеми на „кралевите“.

Светското клупско првенство покажа дека Реал Мадрид и понатаму има доста проблеми во одбраната, па затоа и ангажман на нов дефанзивец е еден од приоритетите во следните месеци.

Како што пренесува ЕСПН, фудбалерот на Баер Леверкузен, Пјеро Инкапие е понуден на „кралевите“.

Солиден, брз, способен да даде прецизно додавање, плус одлично се снаѓа и во одбрана со четворица и петмина, левоногиот Инкпие е профил што добро се надополнува со оној на Дин Хујсен.

Тој добро ги познава тактичките барања на Чаби АЛонсо, па може брзо да се прилагоди на новата средина во Мадрид.