Силекс и Работнички елиминирани, само Вардар остана во Конференциската лига

Фудбалерите на Вардар влегоа во второто квалификациско коло за Конференциска лига откако го елиминираа составот на Ла Фиорита со вкупни 5-2 .
Денеска во реваншот во Сан Марино кој заврши 2-2 , за домаќинот реализираше Фелипе а Јанкулов си постигна авто-гол додека стрелци за „црвено-црните“ беа Мато и Омерагиќ.
Екипата на Работнички го заврши настапот во истата конкуренција откако и на реваншот во Скопје загуби од Торпедо со голот на Алфред уште во 14 минута. Белорусите одат натаму со вкупни 4-0. Силекс оствари пирова победа против Дечиќ со 2-1 во крајно интересен и возбудлив меч. Црногорците поведоа во 3-та минута преку Стриковиќ а Кратовци направија пресврт со головите на Алиќ во 28-та и Хрвановиќ во 80-та минута. Сепак, тоа не беше доволно да се анулира негатива од два гола од првиот меч.