Наполи го осигура потписот на Вања Милинковиќ Савиќ

Српскиот голман Вења Милинковиќ-Савиќ наскоро ќе стане дел од Наполи, откако преговорите достигнаа до крајната фаза.
Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо извести дека трансферот влегува во финална фаза и дека официјализацијата се очекува во наредните денови.
Во оваа зделка е вклучен и Сирил Нгонд, кој ќе премине од Наполи во Торино како позајмен играч на една година за милион евра, а ќе има опција за трајно откупување за 11.000.000 евра следното лето.
Сè уште не е јасно дали договорот за трансферот на Милинковиќ-Савиќ ќе биде поврзан со преговорите за Нгонд, но се знае дека Милинковиќ-Савиќ наскоро ќе замине за лекарски прегледи во Наполи.
Иако во последните месеци беше поврзуван со неколку англиски клубови, Вања избра да остане во Италија и да му се приклучи на шампионот.
До сега во италијанската лига настапуваше за Торино, а има искуство и во Асколи и СПАЛ. Беше и на позајмица во Стандард Лиеж и Лехија Гдањск.
Својата кариера ја започна во Војводина, по што премина во младинската академија на Манчестер Јунајтед, но таму не ја доби вистинската шанса..