Кајл Вокер-Питерс потпиша за Вест Хем

Вест Хем го официјализираше трансферот на англискиот дефанзивец Кајл Вокер-Питерс, кој потпиша тригодишен договор со клубот од Лондон.

28-годишниот бек пристигнува како слободен агент по истекот на договорот со Саутемптон, каде ги мина последните пет сезони. Во дресот на „светците“ одигра 202 натпревари, постигна седум голови и забележа 12 асистенции во сите натпреварувања.

Вокер-Питерс своето фудбалско школување го мина во Тотенхем, каде доби шанса и во првиот тим, пред да замине во Саутемптон во потрага по поголема минутажа. Има настапи за сите младински селекции на Англија, а во 2022 година забележа и два меча за сениорскиот состав, против Швајцарија и Брегот на Слоновата Коска.

Со искуство во Премиер лигата и континуитет во изминатите сезони, Вокер-Питерс се очекува да биде значајно засилување за тимот на Вест Хем во новата сезона.