Победи на Пелистер и Башкими за крај на третото коло

Пелистер го совлада попладнево Шкупи со 2-0 додека Башкими триумфираше над Тиквеш со 3-1 во двата денешни натпревари со кои се комплетираше 3. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Пелистер го пречека Шкупи во Кавадарци и ја забележа втората победа оваа сезона со головите на Ристиќ (59) и Булатовиќ (85).

Фудбалерите на Башкими ја искористија предноста на домашниот терен и пред своите гледачи во Куманово извојуваа победа со головите на Алексовски (36, 78) и Симоновски (47), додека Мишов го постигна почесниот гол за Тиквеш во 56 минута.