У21 селекцијата на Станиќ дебитира во Полска

Македонската репрезентација до 21 година денеска од 18:00 часот во Краков против Полска ги отвора квалификациите за пласман на ЕП 2027. Селекторот на младинците, Горан Станиќ е оптимист пред дуелот со силната Полска. Вели дека одработивме добри подготовки и фудбалерите се подготвени за предизвикот.

„Верувам во тимот. Добро работевме во изминатите неколку денови и подготвени сме за натпреварот. Полска е одлична репрезентација, имаат квалитет на сите позиции. Заедно со Италија се фаворити во нашата група. Нашата цел е да оставиме позитивен впечаток и со таков резултат да го започнеме новиот циклус. Немаме проблеми со повредени фудбалери, сите се во комбинација за настап и уверен сум дека ќе имаат сериозен пристап во текот на сите 90 минути. Нашиот фокус е исклучиво кон денешниот меч, потоа се насочуваме кон домашниот натпревар со Италија“, изјави селекторот Горан Станиќ.

Нашиот репрезентативец Димитар Трајков, исто така, смета дека Македонија има одлична генерација која треба да го покаже квалитетот во групата во која покрај Полска и Шведска се уште Шведска, Црна Гора и Ерменија.

„Очекуваме тежок, но возбудлив циклус. Сите во тимот сме максимално мотивирани и подготвени да дадеме сè од себе. Имаме јасна цел, да се бориме за пласман и да покажеме дека Македонија има квалитетна млада генерација. Контролните натпревари беа многу корисни. Стручниот штаб направи добра анализа, работевме на детали и мислам дека покажавме напредок. Секако, има работи што можат да се подобрат, но генерално, атмосферата и ангажманот беа на високо ниво. Повеќето од играчите сме долг период заедно, добро функционираме на терен, но и надвор од него. Сите знаеме дека европските натпревари се потешки, но ако сакаме да стигнеме до позитивен резултат сите мора да дадеме повеќе од нашиот максимум“, изјави Трајков.