Ветераните на Црвена Звезда гостуваат на јубилејот на Брегалница

Ветераните на Брегалница и Црвена Ѕвезда утре во Штип ќе одиграат ревијален фудбалски меч по повод 100-годишнината на клубот под Исарот.
Белграѓани со капитенската лента ќе ги предводи легендарниот, Владимир Петровиќ – Пижон а во тимот ќе бидат и нашите прославени фудбалери Илија Најдовски, Драган Канатларовски, Митко Стојковски и Горан Попов, кои еден дел од кариерата ја поминаа на стадионот – „Маракана“. Според предвидените пропратни активности, гостите од Србија ќе го посетат и споменикот на легендарниот, Драган Шекуларац, кој е роден во Штип и има одиграно 41 меч за поранешниот европскиот шампион и постигнато шест голови.
Дуелот меѓу ветераните на Брегалница и „црвено белите“ од Белград ќе биде одигран в петок од 19.00 часот во Штип. Цената на влезниците е 150 денари и истите може да се купат на билетарата на стадионот.