Супер-талентот на Ливерпул потпиша нов договор

17-годишниот Рио Нгумоа го потпиша својот прв професионален договор со Ливерпул. Договорот кој беше потпишан денеска ќе важи до 2028 година.

Крилниот напаѓач и се приклучи на академијата на „црвените“ во септември 2024 година од Челзи. 17-годишникот има пет настапи за првиот тим на Ливерпул , а последен пат беше во тимот во победата од 2-1 против Саутемптон во Лига купот во вторникот.

Минатиот месец, тој го имаше своето деби во Премиер лигата на 16 години, постигнувајќи го победничкиот гол во 100-тата минута против Њукасл (3-2).