Хери Кејн сруши голгетерски рекорд на Роналдо и Халанд

Хери Кејн испиша уште една страница во фудбалската историја, станувајќи најбрзиот играч што постигнал 100 голови за клуб од топ 5-те европски лиги. Капитенот на Англија до таа бројка стигна во своето 104. настапување за Баерн Минхен, еден натпревар побрзо од Кристиано Роналдо во Реал Мадрид и Ерлинг Холанд во Манчестер Сити. 

Кејн го достигна рекордот со два гола во убедливата победа од 4-0 против Вердер Бремен, со што Баерн продолжи со перфектен старт во Бундеслигата. Прво реализираше пенал со сигурност, а потоа погоди и од игра, демонстрирајќи ја својата карактеристична смиреност и ефективност пред голот. 

Со 18 голови веќе оваа сезона во сите натпреварувања, од кои 10 само во првите пет лигашки натпревари, 32-годишниот напаѓач не покажува знаци на забавување.