Атлетико Мадрид го сака Мајно од Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Коби Мајно, може да добие понуда да се пресели во редовите на Атлетико Мадрид, наведуваат дел од медиумите во Англија.

Според нив, 20-годишниот играч влегува и во плановите на Наполи кој претходно сакаше да го ангажира на позајмица. Играчот од средниот ред во тековнава сезона се појави на пет средби.

Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е активен до 2027 година.