Една топка, три нации: ФИФА ја претстави мундијалската топка

ФИФА официјално ја претстави топката за Светското Првенство во 2026 година: Трионда, име што наскоро ќе стане препознатливо ширум светот. Инспирирана од живописните бои и културите на домаќините: Канада, Мексико и САД, Трионда претставува симбол на обединетост и различност, вредности што го одразуваат духот на турнирот. 

Но, ова не е само уште една дизајнерска топка. Во нејзината срж се наоѓа сензор за движење со фреквенција од 500Hz, кој обезбедува прецизни податоци за брзината, ротацијата и насоката на движење. Оваа технологија се очекува да донесе поголема прецизност во судиските одлуки и да им овозможи на тренерите и аналитичарите подлабоко разбирање на играта. 

Со 251 ден до почетокот на првенството, ентузијазмот веќе расте насекаде низ светот. Подготовките во трите земји се во полн ек, а претставувањето на Трионда е важен момент за најпрестижното натпреваруавање во спортот. 

Комбинирајќи напредна технологија и културна симболика, Трионда не е само фудбалска топка, таа е симбол на новата ера за светскиот фудбал на северноамериканско тло.