Нагелсман донесе шест новајлии во германскиот национален тим

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јулијан Нагелсман, го објави составот за претстојните квалификации за Светското првенство.
Нагелсман направи шест промени во тимот од 24 играчи за натпреварите што го очекуваат Германија во октомври. Централниот бек Нико Шлотербек повторно е на списокот, додека напаѓачот Никлас Филкруг овој пат не е повикан.
Денес, селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јулијан Нагелсман, го објави составот за претстојните квалификации за Светското првенство.
Нагелсман направи шест промени во тимот од 24 играчи за натпреварите што го очекуваат Германија во октомври. Централниот бек Нико Шлотербек повторно е на списокот, додека напаѓачот Никлас Филкруг овој пат не е повикан.
Германија ќе настапи без неколку важни играчи поради повреди, како Антонио Рудигер, Каи Хаверц, Џамал Мусијала и голманот Марк-Андре тер Штеген, кои нема да бидат дел од овие средби. И покрај послабиот почеток на сезоната во Ливерпул, средниот играч Флориан Вирц го задржал своето место во тимот.
Голмани: Оливер Бауман (Хофенхајм), Фин Дамен (Аугсбург), Александар Нубел (Штутгарт)
Одбрана: Роберт Андрих (Баер Леверкузен), Валдемар Антон (Борусија Дортмунд), Ридле Баку (РБ Лајпциг), Натаниел Браун (Ајнтрахт Франкфурт), Робин Кох (Ајнтрахт Франкфурт), Давид Раум (РБ Лајпциг), Нико Шлотербек (Борусија Дортмунд), Џонатан Тах (Баерн Минхен)
Среден ред: Карим Адееми (Борусија Дортмунд), Надим Амири (Мајнц), Серж Гнабри (Баерн Минхен), Леон Горецка (Баерн Минхен), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Џејми Левелинг (Штутгарт), Феликс Нмеча (Борусија Дортмунд), Александар Павловиќ (Баерн Минхен), Анџело Стиљер (Штутгарт), Флориан Вирц (Ливерпул)
Напад: Максимилијан Баер (Борусија Дортмунд), Џонатан Буркарт (Ајнтрахт Франкфурт), Ник Валтемаде (Њукасл).