Гнабри има на маса нов договор со Баерн, но со намалена плата

Баерн Минхен сака да го обнови договорот со Серж Гнабри, пишува весникот „Билд“. Актуелниот договор на германскиот интернационалец истекува на лето. Раководството на Баварците сака повторно да го ангажира 30-годишниот играч, но само ако тој се согласи да ја намали платата.
Се вели дека Гнабри нема проблем со ова, бидејќи се чувствува одлично во Минхен и сака да остане во тимот. Гнабри моментално заработува 17-18 милиони евра бруто годишно со бонуси и е подготвен да потпише нов договор со намалена плата за да продолжи да игра за германскиот шампион.
Баерн е во одлични односи со агентот на Гнабри, а се очекува преговорите да бидат завршени во наредните месеци.