Грчевски го скрати списокот за дуелите со Германија, Словенија и Белгија

Македонската репрезентација ќе игра во квалификациската група 3 во која за противници ќе ги има Германија, Словенија и Белгија.

Избраничките на Грчевски евроквалификациите ќе ги почнат против селекцијата на Германија, на гостински терен во Гумерсбах, на 16 октомври, по што ќе ја пречекаат Словенија во Битола на 19. овој месец.

Стартот на подготовките е закажан за 12 октомври во Скопје.

На списокот на Грчевски се најдоа 20 ракометарки: Андреа Илиќ, Матеа Чурлиноска, Драгана Петковска, Сара Ристовска, Ивана Џатевска, Моника Анеска, Ангела Јанколовска, Ивана Арсениевска, Марија Јанкуловска, Ива Младеновска, Ана Марија Коларовска, Марија Гугуњанова, Бојана Коцева, Катерина Дамјаноска, Леона Миленкоска, Јована Кипријановска, Андреа Седлоска, Борјана Коцева, Емилијана Ризоска и Ивана Гакидова.