Анисимова прва финалистка во Пекинг

Американката Аманда Анисимова се пласираше во финалето на турнирот од серијата 1.000 во Пекинг, совладувајќи ја во денешното полуфинале сонародничката Коко Гоф со 6-1, 6-2 за помалку од еден час игра.
Анисимова, која играше во финалињата на Вимблдон и УС Опен оваа сезона, ќе игра во своето прво финале во Пекинг.
Нејзина противничка во дуелот за титулата ќе биде поуспешната од второто полуфинале меѓу 20-годишната Линда Носкова и 31-годишната Џесика Пегула.
Носкова дојде до осминафиналето на Вимблдон ова лето и до финалето на турнирот ВТА 250 во Прага претходно оваа сезона. Пегула, пак, освои две титули сезонава, во Чарлстон и Хамбург, а беше и полуфиналистка на УС Опен.