Белорусија ја изненади Данска и ја искомпликува групата

Драмата во групата Ц, за пласман на Светското првенство ќе продолжи до самиот крај.
Данска и Шкотска се репрезентациите кои во претпоследното коло влегоа со 10 поени. На Днците им требапе победа, но кикснаа во Копенхаген против Белорусија, додека Шкотите загубија во Атина од Грција.
Грците ги победија Шкотланѓаните со 3-2 (1-0) во возбудлив натпревар, домашната екипа немаше што да изгуби, а избраниците на Иван Јовановиќ успеаја да слават голема победа на крајот, победа која дава самодоверба и ништо повеќе од тоа.
Грција нема шанси да се пласира во следната фаза, Шкотланѓаните ќе бараат победа во последното коло против Данска за да се квалификуваат за Светското првенство. Реми ќе им одговара на Данците.
Данците, против аутсајдерот Белорусија запошнаа според планот, со гол на Дамсгард во 11. минута.
Вистонски шок фаворитите доживеаја во вториот дел. Два гола постигнаа Белорусите за само три минути. Стрелци беа Громико и Демченко.
Напаѓаше Данска до самиот крај, но само успеа да избегне пораз со голот на Исаксон во 79-та минута.
За три дена во решавачкиот меч, Шкотска ќе ја пречека Данска.