Милијана Релиќ потпиша олимписката стипендија за Лос Анџелес 2028

Македонската олимпијка од Париз 2024 таеквондистка Милијана Релиќ, денеска потпиша договорот за Олимписка стипендија за ОИ Лос Анџелес 2028.
Потпишувањето се одржа во просториите на Македонскиот Олимписки комитет, каде Релиќ го официјализираше својот пат кон олимпискиот сон.
Оваа стипендија е заслужено признание за нејзиниот постојан труд, исклучителен талент и неверојатна посветеност кон таеквондо спортот. Стипендијата ќе ѝ овозможи финансиска и логистичка поддршка во претстојниот четиригодишен циклус, покривајќи ги трошоците за: интензивни тренинзи, учество на врвни меѓународни натпревари, подготовка со елитни тренери и спортска исхрана и рехабилитација.