Куман: Имаше моменти во квалификациите кога не игравме доволно добро

Селекторот на Холандија, Роналд Куман, направи краток осврт на патот на неговата селекција до Светското првенство 2026 година.

„Верувам дека имаме многу квалитетни играчи во нашиот тим и има голема конкуренција за места. Но, мора да бидеме свесни дека имаше моменти во квалификациската рунда кога не игравме доволно добро и им дозволивме на нашите противници да создаваат шанси. Треба да работиме на тоа. Се надевав дека ќе играме добро против Литванија од првата до последната минута и ќе постигнеме многу голови. Требаше да постигнеме два или дури три гола во првото полувреме. Имаше многу добри шанси, но и неколку лоши моменти. Но, генерално, тоа беше пристоен настап“, изјави Куман по натпреварот.

Холандија заврши прва во Групата Г (20 бода по осум натпревари) и се пласира на Светското првенство во 2026 година.