Скоро 2.000 билети за македонските фанови во Копенхаген

Македонската фудбалска репрезентација на 26 март идната година ќе ѝ гостува на Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство (СП), а ФИФА одреди колку билети ќе добие гостинската селекција.
Стадионот „Паркен“ во Копенхаген, каде што најверојатно ќе се игра дуелот меѓу Данска и Македонија има капацитет од 38.065 навивачи, додека нашите навивачи ќе добијат само пет отсто од билетите или околу 1.900 влезници.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март од 20.45 часот, додека финалистот ќе се соочи против победникот од средбата меѓу Ирска и Чешка пет дена подоцна во истиот термин.
Навивачите од Македонија, сепак, нема да можат да патуваат директно од Скопје кон Копенхаген затоа што летот е укинат, но затоа имаат опција да летаат до Малме, кој се наоѓа на само 40 минути возење до главниот град на Данска.