Ерик Гарсија добива нов договор во Барселона

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона дефинитовно не се откажува од својот универзалец, репрезентативецот Ерик Гарсија кој минатата сезона беше на прагот на излезната врата на Ноу Камп.

Скромниот Ерик Гарсија мораше напорно да работи за да ја добие својата шанса во Барселона, а сега дефинитивно ужива во нејзините плодови.

Минатата сезона, тој беше дури и на работ да го напушти клубот, бидејќи Ханси Флик им даде шанса на Кубарси и Ињиго Мартинез, а тука беа и Араухо и Кристенсен. Сепак, германскиот стратег не сакаше да се откаже од Гарсија, и набрзо му даде шанса, која ја искористи и сега е редовен стартер во тимот на Каталонците.

Затоа, Барселона подготвува нов договор за него до 2030 година, објавува Мундо Депортиво, а се очекува самиот дефанзивец наскоро да го парафира. По позајмицата во Жирона пред две сезони, Гарсија покажа дека е подготвен за сериозен фудбал, а патем, тој е играч кого Гвардиола го однесе во Манчестер Сити во младинскиот тим кога замина за Англија, сепак, Каталонците подоцна успеаја да го вратат во своите редови и сега тој е еден од најважните шрафови во тимот.