кошарка

Ленгстон Вилсон: Годината да ја завршиме победнички

Кошаркарите на Пелистер со нетрпение го очекуваат саботниот дуел со Кожув (18:30 часот, сала „Боро Чурлевски“), дуел на кој битолскиот суперлигаш ќе стори се за пред своите верни фанови победнички да ја заокружи оваа 2025 година.

Мечот ќе има и хуманитарен карактер ако се знае дека сите приходи од билетите ќе бидат доделени на Домот за Деца без родители во Битола и на Црвениот крст.

„Сакаме да ја завршиме годината со стил, да покажеме сила и квалитет што ќе ни биде и мотив плус пред предизвиците со кои ќе се соочиме во новата година. Мотивирани сме и нема да ни биде лесно, Кожув е тим што игра квалитетна кошарка, но ако се покажеме во своето вистинско светло ќе стигнеме до посакуваната победа. Прекрасно е што мечот има и хуманитарен карактер, тоа ќе донесе уште поубава атмосфера на трибините, а ние ќе сториме се за да ја крунисаме со триумф“, изјави Ленгстон Вилсон, центарот на пелистерци.

„Зелено-белите“ имаат скор 7-3 во пресрет на саботниот меч и моментно се наоѓаат на третото место на табелата.

„Лигата е квалитетна и фактот дека имаме седум победи покажува дека играме добра кошарка. Сепак, не може а да не жалиме за оние порази, голем дел од нив беа на еден или два поседи и со малку среќа можевме да имаме 9-1. Сепак, што е тука е, сакаме да победиме на наредниот меч, а потоа да играме уште подобро во наредните натпревари во новата година“, вели Вилсон.

Со победа битолскиот клуб ќе презими на третото место. Шампионатот на Македонија по новогодипните празници ќе продолжи на 10 јануари.


Убедлив пораз на МЗТ Скопје во Златибор

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа вториот пораз во петтиот натпревар од новата сезона во АБА 2 лига. Македонскиот шампион доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Златибор Чајетина, кој славеше со 102-74, откако целосно ја презеде контролата во второто полувреме.

МЗТ одигра одлично прво полувреме и беше рамноправен ривал на фаворизираниот домаќин. „Металците“ минимално ја загубија првата четвртина со 29-28, а во вториот период прикажаа уште подобра игра и во најголем дел имаа резултатска предност.

Сепак, во завршницата од првото полувреме Златибор успеа да направи пресврт и на пауза замина со водство од 54-49.

Во вториот дел од натпреварот домашниот тим целосно го смени текот на играта.


Обрадовиќ: Нема да работам во ниту еден клуб до јуни 2026 година

Првпат откако ја напушти клупата на Партизан, Жељко Обрадовиќ проговори за својата иднина. Во емисијата „Game Changers“ на националната грчка телевизија ЕРТ, Жељко Обрадовиќ откри дека не ја завршил тренерската кариера, но дека нема да разгледува никакви понуди до крајот на јуни.

„Во моментов не размислувам за ништо друго, освен за моето семејство. Нема да работам за ниту еден клуб до крајот на јуни. Во овој период немам намера да разгледувам никаков предлог за соработка, без разлика од каде доаѓа“; рече Обрадовиќ.

Да потсетиме дека кон крајот на ноември, популарниот Жоц поднесе оставка од функцијата главен тренер на Партизан, а на почетокот од овој месец, во опширно јавно обраќање, ја образложи својата одлука.


Удока парично казнет за јавно критикување на судиите

Тренерот на Хјустон рокетс, Имеи Удока, е казнет со 25.000 долари за јавно критикување на судењето во нивниот натпревар со Денвер (125:128 по продолжение), објави НБА-лигата.

На прес-конференцијата по натпреварот одигран во вторникот, 48-годишниот тренер изјави дека квалитетот на судењето на натпреварот бил многу лош.

-Двајца (судии) не требаше ни да бидат на теренот, а главниот судија се однесуваше како да има треска од славни личности, па видовме сосема неконзистентни одлуки. Сигурен сум дека требаше да имаме уште неколку технички фаули, рече Удока по натпреварот.

Според „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на извештај од НБА, во продолжението биле направени три грешки, сите во корист на Денвер.

Хјустон е петти на табелата во Западната конференција со резултат од 16 победи и седум порази.


Србинот Танасковиќ се враќа во МЗТ Скопје

Екипата на МЗТ го комплетира ростерот за продолжението од сезоната со враќањето на Душан Танасковиќ, кој повторно ќе го носи „сино-белиот“. Клубот од Аеродром ја доби трката со грчки ПАОК за неговиот потпис.

Искусниот центар ќе претставува значително засилување во рекетот, особено во клучната фаза од сезоната. МЗТ Скопје ќе се бори за остварување на примарната цел – враќање во елитната АБА лига.

Танасковиќ е добро познат на навивачите на МЗТ, бидејќи беше дел од тимот во сезоната 2023/24, кога тимот ја освои тројната круна на домашната сцена. Со своите партии тој беше меѓу најконстантните и најзаслужните кошаркари за големите успеси на клубот во таа сезона.


ПАОК го сака Жељко Обрадовиќ на клупата

Новиот сопственик на ПАОК, грчкиот милијардер Аристотелис Мистакидис, ја отвора најамбициозната ера во модерната историја на клубот.

Со инвестиција од 12 милиони евра и јасен план за враќање на славата, тој сака Солун повторно да стане центар на европската кошарка, и тоа под водство на легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ.

Обрадовиќ кој неодамна си замина од српски Партизан, и покрај негодувањата на фановите и на српската спортска јавноста, се чини дека влегува во нова етапа од кариерата.

Бизнисменот Мистакидис, кој поседува 60,8 % од акциите на ПАОК, започна сериозна реконструкција на клубот, од управата и инфраструктурата до создавање тим способен за настап во Евролигата. Тој веќе го зголеми акционерскиот капитал со највисока поединечна инвестиција во историјата на клубот.

Желбата на Мистакидис е Обрадовиќ да седне на клупата на ПАОК, потег што грчките медиуми го опишуваат како „сон што може да го промени лицето на грчката кошарка“.


Мобли се повреди, ќе отсуствува 2-4 недели

Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Еван Мобли, ќе отсуствува од 2-4 недели поради повреда на левата нога, објави клубот од НБА-лигата.

Дваесет и четиригодишниот Американец повреди мускул на левата потколеница во победата над Вашингтон со 130:126.

Мобли одигра 25 натпревари во сезоната 2025/26 и има просек од 19,1 поени, 9,3 скока, 4,1 асистенции, 1 украдена топка и 1,6 блокади.

Кливленд е шести во поредокот во Источната конференција на НБА-лигата со 15 победи и 11 порази по 26 одиграни средби.


Нов рекорд на Стеф Кари, постигна 48 поени против Портланд

Суперѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, одигра уште еден натпревар со одлична реализација, постигнувајќи 48 поени во поразот од Портланд со 136-131 .

Стеф Кари погоди 16 од 26 шутеви од поле, вклучувајќи 12 тројки (од 19 обиди) што се рекордни во сезоната и 4 од 4 слободни фрлања.

Со овој настап, 37-годишниот бек стана рекордер во НБА за најмногу натпревари со 40+ поени по наполнувањето на 30 години, надминувајќи го легендарниот Мајкл Џордан , кој имаше 45 такви натпревари.


Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во пионерската Суперлига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во пионерската Суперлига, Македонија ЃП ја совлада Брегалница со 4-2 и на пауза заминува како водечка екипа во шампионатот.

Гостите од Штип имаа предност од 2-0, но сепак на крајот пионерите на Македонија ЃП направија пресврт и стигнаа до трите бода кои има ја обезбедија првата позиција.

Брегалница поведе преку Ванчо Кочубов во 16. минута. Во 34. Антонио Арсов зголеми на 2-0, а во последните секунди од првиот дел Лука Лазаревски ја намали предноста на противникот.

Во 58. минута Марко Стојановски израмни на 2-2, а само четири минути подоцна Таха Намик Менга го постигна третиот гол за домаќинот. Конечните 4-2 ги постави Лазаревски во 79. минута повторно се запиша меѓу стрелците за триумф на Македонија ЃП.

По 15. коло составот од Ѓорче Петров има 40 бода, два повеќе од Шкендија Тетово додека трет со 36 е Пелистер. Првиот дел од сезоната на четвртото место го заврши Работнички со 34 бода додека петтопласираниот Вардар освои 33.

Најефикасен играч во есенскиот дел од шампионатот е Алек Трпковски од Работнички кој 14 пати ги совладал противничките голмани, а погодоци постигнаа Петар Гулигаровси (Пелистер), Васко Папалиски (Скопје), Ерион Салихи (Башкими)и Стефан Војчески (АП Брера).

Првенството продолжува по двомесечната пауза и се пролетниот дел треба да почне кон крајот на февруари следната година.


Хезоња се повреди, нови проблеми за Реал Мадрид

Марио Хезоња е сè уште еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, но се чини дека доаѓа време за нови предизвици.

Конечно, ќе има можност да го смени клубот во текот на летната пауза, а според израелските медиуми, тој е цел на Хапоел Тел Авив.

Иако го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ минатото лето, тоа не гарантира дека ќе остане во Мадрид.

Според „Спорт5“, контактот меѓу Хезоња и Хапоел веќе е воспоставен, а главната работа за која ќе се преговара е висината на обесштетувањето, бидејќи хрватскиот репрезентативец има договор до 2029 година.

Се претпоставува дека личната добивка нема да биде голем проблем, бидејќи сопственикот на Хапоел, Офер Јанај, покрај големите амбиции, има и голем буџет, а Хезоња е главна цел на израелскиот тим ова лето.