кошарка

Тенерифе го исфрли Реал со победа во „мајсторката“ среде Мадрид

Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот резултат од третиот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот на АЦБ лигата во „Висинк Центарот“ беше 95-107 (24-23, 21-26, 28-21, 22-37).

Иронично е што тимот на италијанскиот тренер Серхио Скариоло стигна многу подалеку во Евролигата, односно до финалето, а последен пат „кралскиот клуб“ беше елиминиран во четвртфиналето од плејофот на шпанското првенство во 2008 година, кога Реал загуби од Уникаха.

Тенерифе победи поради значително подобриот шут за три поени – 13/28 наспроти 5/31 на Реал.

Секако, искуството беше одлучувачки фактор – кошаркарска легенда во репрезентативните натпреварувања, 37-годишниот Австралиец Пати Милс постигна 29 поени, додека 43-годишниот Бразилец Марселињо Уертас имаше 23 поени.

Кевин Јебо, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, значително му помогна на тандемот ветерани со 22 поени и седум скока.

Тенерифе немаше играч под 29 години во маестралната игра против Реал. Ако нешто можеше да се издвои како светла точка за Реал во овој дебакл, тоа би била играта на Марио Хезоња. Хрватскиот репрезентативец шутираше 8/9 за двојки, 1/5 за тројки и 3/4 од линијата за слободни фрлања, постигна за 22 поени.

Речиси е сигурно дека ова е последниот натпревар што го одигра 38-годишниот Серхио Љуљ. Тој помина шест минути и 14 секунди на теренот, промаши еден шут за два и еден фаул.
Последната сезона во која Реал не освои ниту еден трофеј и во фудбал и во кошарка беше пред 16 години.


Отворена ФИБА Европската минибаскет конвенција во Скопје

Во главниот град на Македонија се одржува 11. издание на ФИБА Европската минибаскет конвенција, која на едно место обедини повеќе од 300 деца и околу 90 тренери, кои преку игра, дружење и спортски активности ја слават љубовта кон кошарката и вредностите што ги носи спортот.

На третиот ден од конвенцијата, присутните во спортската сала „Лазар Лечиќ“ ги поздрави Камил Новак, извршен директор на ФИБА Европа, кој им посака успешна работа и плодна размена на искуства на сите учесници.

Во рамки на програмата, свои излагања на тема „Важноста на партнерствата“ имаа претставниците на ФИБА Европа – Радмила Тарнер, Теренс Булок и Мирослав Крогулец. Во утринскиот дел од денешната програма, учесниците ги следеа предавањата на Серхио Лара Берсиал на тема „Програма за прогресија во наставата“, како и на Милена Мусова, која говореше за „Планирање на вежби за трчање во минибаскетот“.


Силван Франциско со историски трансфер во Асвел

Веќе неколку недели во Франција се најавува нов голем кошаркарски проект, Асвел ќе биде тимот во кој ќе се инвестираат огромни пари, а вечерва започна реализацијата на тој проект.

Еден од најдобрите кошаркари на Евролигата, Силван Франциско, ќе го напушти Жалгирис на крајот од сезоната и ќе потпише договор со Асвел, кој ќе биде историски.

Францускиот плејмејкер ќе има плата од 4.000.000 евра по сезона, ќе потпише на три години, што значи дека ќе заработи 12.000.000 евра. Ова ќе биде најголемиот договор во историјата на Франција, објави „Еурохупс“.

Да потсетиме дека Асвел се согласил и за Армонио Брукс од Милан за големи пари, кој наводно имал понуда од Партизан вредна 4.000.000 евра за две години.

Тимоти Луваву-Кабаро треба да се врати во тимот по две сезони, поранешниот играч на Партизан, Франк Ниликина, е исто така блиску до трансфер од Олимпијакос, а се очекуваат уште неколку звучни засилувања.

Легендарниот Тони Паркер создава моќен тим, кој ќе го нападне врвот и ќе се обиде да избори место на Завршниот тутрнир.


Реал му сврти грб на НБА Европа и потврди дека ќе игра во Евролигата

Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, официјално одлучи да продолжи да се натпреварува во Евролигата.

Одлуката што беше објавена претходно сега е потврдена. Ова значи дека дефинитивно сите 13 акционери останаа во Евролигата и покрај плановите на НБА Европа да започне сопствено натпреварување.

Барем е јасно дека сите сопственици на Евролигата ќе учествуваат во елитното натпреварување во сезоната 2026/27. Секако, останува да се види дали тоа ќе биде случај во иднина, со оглед на тоа што НБА Европа посочи дека ќе го започне својот проект дури во 2027 година.

Сега останува да се утврди дефинитивниот список на учесници во Евролигата за 2026/27. Според некои извори, се очекува тоа да се дознае по состанокот на Евролигата на 16 јуни.


Спанулис именуван за нов тренер на Арис

Грчкиот стручњак Василис Спанулис е новиот тренер на кошаркарот Арис, објави клубот од Солун.

Спанулис потпиша тригодишен договор со Арис. Грчките медиуми објавија дека годишно ќе заработува 1.200.000 евра.

Претходно ги тренираше Перистери и Монако, а моментално е тренер на грчката кошаркарска репрезентација.

Спанулис го замени Игор Миличиќ на тренерската позиција на клубот од Солун.

Кошаркарите на Арис ја завршија сезоната во грчкото првенство на петтото место на табелата, а потоа беа елиминирани од АЕК во четвртфиналето од плејофот.


Стеф Кари потпиша спонзорски договор вреден над една милијарда евра

НБА кошаркарот Стеф Кари стави крај на потрагата по нов спонзор за спортска опрема, откако потпиша долгорочно партнерство со кинескиот спортски гигант „Ли-Нинг“.

Четирикратниот шампион во НБА цели 13 години соработуваше со компанијата „Андер Армор“, но двете страни ја прекинаа соработката во ноември минатата година.

Оваа е повеќе од договор за патики, повеќе од препознатлива линија на производи. Ова е партнерство за цел живот“, изјави 38-годишниот Кари, кој се подготвува за својата 18-та сезона во НБА во дресот на Голден стејт.

Според информациите на „ЕСПН“ договорот меѓу Кари и „Ли-Нинг“ е со важност од десет години. Иако официјалната вредност не е објавена, на социјалните мрежи и во дел од медиумите се шпекулира дека станува збор за сума поголема од една милијарда долари.

Некои извори наведуваат 1,19 милијарди, а други околу 1,2 милијарди долари.


Шпанец ќе ја води Црвена Звезда

Црвена Звезда има нов тренер,а тоа е Ибон Наваро, пишува порталот „Меридијан Спорт“.

„Шпанскиот стручњак и Звезда се договориле за сите детали од претстојната соработка и сè што останува е да се официјализира целиот договор“, пишува порталот, кој е дел од компанијата на генералниот спонзор на црвено-белиот тим.

По четири исклучително успешни години на клупата на Уникаха, во кои освои дури седум трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампионите на ФИБА, според сите изгледи, Наваро ќе ја продолжи кариерата во Црвена Звезда.

Шпанскиот стручњак беше една од најбараните тренерски опции ова лето, но на крајот го избра Белград.

Шпанските медиуми го поврзуваа со Барселона и Баерн, беше објавено дека претставници на двата клуба отпатувале во Валенсија за финалето на Кралскиот Куп за да ги презентираат своите понуди, но црвено-белите успеаја да ја победат конкуренцијата и да го обезбедат потписот на 50-годишниот тренер.


Македонија домаќин на Европската конвенција за минибаскет

Од 4 до 7 јуни, Скопје ќе биде центар на европската минибаскет сцена, откако Кошаркарската федерација на Македонија, во партнерство со ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, ќе биде домаќин на единаесеттото издание на Европската конвенција за минибаскет.

Настанот ќе собере тренери, едукатори и спортски работници од повеќе европски земји, кои секојдневно работат со најмладите кошаркари и кошаркарки.

Целта на конвенцијата е преку размена на искуства, современи методологии и практични примери да се унапреди работата со децата и да се поттикне нивниот правилен спортски развој. Во текот на четирите дена ќе бидат организирани предавања, работилници и практични демонстрации под водство на реномирани меѓународни експерти. Учесниците ќе имаат можност да стекнат нови знаења и алатки за подобро воведување на кошарката кај најмладите, како и за промовирање на здрави животни навики и спортски вредности.

Практичниот дел од програмата ќе се реализира во спортската сала „Лазар Лечиќ“, додека завршницата ќе биде одбележана со голем минибаскет фестивал на Кејот на Вардар.

На фестивалот се очекува учество на повеќе од 300 деца и околу 90 тренери, кои преку дружење, игра и спортски активности ќе ја прослават љубовта кон кошарката.

Конвенцијата претставува уште една потврда за посветеноста на македонската кошарка кон развојот на младите категории и признание од ФИБА за напорите што се вложуваат во создавањето на квалитетна основа за идните генерации кошаркари и кошаркарки.


Берокал не повика странец за јунскиот ФИБА прозорец

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

За дуелите од „А“ групата од претквалификациите, оние со селекциите на Ирска (во Скопје) и Луксембург (на гостински терен), машката сениорска репрезентацијата на Македонија ќе тренира во Скопје.

Првиот официјален собир е закажан за 15. јуни, со почеток во 10. часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Во јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификацискиот циклус, нашите најдобри кошаркари ќе одиграат два натпревари, и тоа против соодветните национални селекции на Ирска и Луксембург.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

2.јули, 2026 – Скопје: Македонија – Ирска
5.јули, 2026 – Луксембург: Луксембург – Македонија

ПОШИРОК СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ – ЈУЛИ 2026

Ненад Димитријевиќ – Баерн Минхен-Германија
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Адем Мекиќ – Задар (Хрватска)
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Валмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Резарт Мемед – Бора (Косово)
Андреј Шошкиќ – НЦАА-САД
Павел Иванов – НЦАА – САД
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Виктор Ташовски – ТФТ
Страхил Николов – ТФТ
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Мухамед Тачи – Чаир 2030
Рубин Стефанов – Ангели
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Никола Бојчев – Кожув
Теодор Симиќ – Кожув
Амар Хот – Маџари
Марко Луканоски – Маџари
Петар Бошалески – Тиквеш Голден Игл
Михаил Наумоски – Феникс 2010


Обрадовиќ се враќа во Атина, пак ќе го преземе Панатинаикос

Медиумите во Грција веќе ја загреваат атмосферата и тврдат дека Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, ќе ги прифати сите услови на Жељко Обрадовиќ, само за да го види најтрофејниот во Евролигата на чело на својот тим.

Сезоната за Панатинаикос не само што не е завршена, туку тимот на Ергин Атаман ќе излезе на теренот за два дена да се бори за титулата најдобар тим во Грција, против Олимпијакос, актуелниот европски шампион.

Сепак, додека играчите се борат на теренот, контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, прави сè за да го донесе Жељко Обрадовиќ на клупата.

По дебаклот во Евролигата, Панатинаикос бара од играчите да го освојат шампионатот на Грција, но работат на формирање тим за следната сезона.