кошарка

Лука Дончиќ испишува НБА рекорди

Кошаркарот на Далас Маверикс и репрезентативец на Словенија, Лука Дончиќ, ја продолжува серијата на постигнување 30 или повеќе поени по натпревар на стартот од новата сезона во НБА.

Дончиќ стана прв играч после сезоната 1962/63 кој постигнал 30 или повеќе поени во првите седум натпревари во НБА лигата. Рекордот по оваа статистика го држи Вилт Чемберлејн кој во сезоната 1962/63 успеал да постигне 30 или повеќе кошеви во првите 23 натпревари од лигата.


Стив Неш не е повеќе тренер на Бруклин

НБА тимот Бруклин Нетс спогодбено се раздели со првиот тренер на екипата, Стив Неш. Разделбата доаѓа после серијата на лоши резултати на Бруклин на стартот од новата сезона.

Неш беше тренер на Бруклин Нетс од 2020.година, и тоа му беше прв договор во тренерската кариера. Како играч играше за екипите на Феникс, Далас и ЛА Лејкерс.

Бруклин во моментот е на 13.место во Источната конференција, со скор од две победи и пет порази.


Бојан Богдановиќ потпишува договор со Детроит Пистонс вреден скоро 40 милиони долари

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ се договори за продолжување на соработката со екипата на Детроит Пистонс.

Искусниот Богдановиќ се очекува да потпише две годишен договор со Детроит во вредност од 39,1 милиони долари. 33-годишниот Хрват во тимот на Детроит пристигна со септември кога беше трејдуван од Јута Џез каде помина три сезони.

Богдановиќ во НБА лигата дебитира во 2017.година во дресот на Бруклин, а има настапувано и за Вашингтон и Индијана.


Дубаи ја добива организацијата на завршниот турнир од Евролигата?

Според пишувањата во одредени кошаркарски портали, завршниот турнир во Евролигата за 2023.година би можел да биде организиран во Дубаи.

До неодамна како главен фаворит за организација на фајнал форот се споменуваше литванскиот Каунас, меѓутоа поради проблеми од финансиска природа, по се изгледа дека овај град ќе испадне од конкуренцијата за организација.

Инвеститори од Дубаи веќе изразија желба да инвестираат свои средства во Евролигата, како и да има кошаркарски тим од овој град кој во иднина ќе се натпреварува во Евролигата. Според предлогот на инвеститорот, Дубаи посакува да биде организатор на завршниот турнир во наредните три сезони.


Муние успешно опериран, верува декаќе игра на Мундијалот

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Томас Муние, имаше успешна операција на скршеницата на јаболчната коска и ќе мора да паузира извесен период.

Репрезентативецот на Белгија верува дека ќе може да настапи на Мундијалот во Катар иако ситуацијата е компликувана. 31- годишниот десен бек се повреди на мечот со  Хановер одигран во средата. „Милионерите“  објавија дека играчот е успешно опериран и дека нема да се врати на терените пред паузата за Светското првенство.

Белгија на Светското првенство првиот меч ќе го има на 23 ноември против Канада. Во групата се уште Мароко и Хрватска.


Во новата НБА сезона ќе играат 120 интернационалци од 40 држави

Во новата сезона од најсилната кошаркарска лига на светот, НБА, ќе настапуваат најмалку 120 интернационални играчи од 40 држави. Ова ќе биде деветта сезона во низа со преку 100 кошаркари кои не се од САД.

Сите 30 тимови имаат барем по еден интернационалец, а најмногу настапуваат за екипата на Торонто Рапторс, вкупно осум. Најголем број играчи има од Канада 22, Австралија 10 и Нигерија 5.

Двајца интернационалци се освојувачи на МВП наградата во последните четири сезони а тоа се Никола Јокиќ од Денвер и Јанис Адетокумбо од Милвоки.


Денис Шредер 3-4 недели надвор од терените

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Денис Шредер ќе пропушти 3 до 4 недели поради повреда на палецот.     

Лејкерси ќе го започнат регуларниот дел од сезоната во вторник на 18 октомври со гостувањето кај бранителот на титулата Голден стејт. Оваа вонсезона, Шредер потпиша едногодишен договор со Лејкерс вреден 2,64 милиони долари. Германскиот дефанзивец веќе настапуваше за тимот од Лос Анџелес во сезоната 2020/21.


Кампацо е нов кошаркар на Далас Маверикс

Аргентинецот Факундо Кампацо е нов кошаркар на Далас Маверикс. 31-годишниот кошаркар се одлучи да остане во НБА лигата, иако постоеја шпекулации дека ќе се врати во Европа и дека е можно да заигра за Партизан.

Кампацо во Далас пристигнува после две поминати сезони во Денвер, а претходно тој мина шест сезони играјќи за Реал Мадрид.


Вигинс го продолжи договорот со Голден Стејт Вориорс

Кошаркарот на Голден Стејт Ендру Вигинс го продолжи договорот со клубот за дополнителни четири години.

Новиот договор со Вигинс, тимот на Вориорс ќе го чини 109 милиони долари, односно 143 милиони долари за петгодишна верност со играчот.

Ендру Вигинс беше важен член за Голден Стеј во освојувањето на НБА титулата минатата сезона. Кошаркарот во просек постигнуваше 17.2 поени, 4.5 скокови и 2.2 асистенции по натпревар.


Грин експресно си замина од Голден Стејт по инцидентот со Џордан Пул

Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин реши да го напушти клубот откако пред неколку дена се степа со соиграчот Џордан Пул.

Медиумите прво ја објавија информацијата за тепачката, по што се појави и видео на кое може да се забележи дека Грин буквално го нокаутира неговиот соиграч.

„Видеото е срамно, не за мене, туку за Џордан и семејството. Направив грешка и му се извинив. Моја цел е да изградам доверба во соблекувалната. Јас сум човек со многу недостатоци, а на видеото излегов полошо од што мислев“, кажа Грин.