кошарка

Шредер од утре пак ќе стане „езерџија“

Повратникот во Лос Анџелес лејкерс, Денис Шредер, отпатува во Лос Анџелес за да ги помине медицинските прегледи во текот на викендот, објави известувачот на „ESPN“, Дејв Мекменамин.     

Според тренерот Дарвин Хем, Шредер ќе може целосно да се ангажира во понеделник по патувањето на тимот на гостинскиот претсезонски натпревар против Голден Стејт. Шредер потпиша минимален договор со Лејкерси во септември по успешните настапи на Евробаскет 2022 година. 

Минатата сезона Шредер настапуваше за Хјустон, а претходно беше играч на Бостон, Лејкерс, Оклахома и Атланта.


Лука Дончиќ прв кандидат за МВП на НБА лигата за наредната сезона

Според анкетата која челниците на НБА ја спроведоа со генералните менаџери на сите клубови, кошаркарот на Далас Маверикс Лука Дончиќ е главен кандидат за најкорисен играч во наредната сезона.

Дури 48% од анкетираните сметаат дека Словенецот Дончиќ е прв фаворит за МВП. На второ место е кошаркарот на Милвоки Гркот Јанис Адетокумбо со 34% од гласовите, а потоа следат Џоел Ембид од Филаделфија и Стеф Кари од Голден Стејт. 

Споре анкетата на менаџерите, најголеми шанси за титулата во наредната сезона има тимот на Милвоки, пред Голден Стејт и Бостон.

Новата сезона во НБА започнува на 19.октомври.


Леброн Џејмс сака свој НБА клуб од Лас Вегас

Легендарниот американски кошаркар Леброн Џејмс ги обелодени своите планови по пензионирањето, наведувајќи дека сака да биде сопственик на НБА клуб со седиште во Лас Вегас.    

„Би сакал да донесам тука клуб во догледно време, им изјави Џејмс на новинарите, откако постигна 23 поени во поразот на Лос Анџелес Лејкерс од Феникс во претсезонски натпревар одигран в Лас Вегас“, рече Леброн. 

Потоа преку медиумите испрати порака до комесарот на НБА лигата Адам Силвер. 

„Тој веројатно го гледа секое интервју кое доаѓа од НБА играчите. Адам, сакам да донесам клуб тука“. рече Џејмс. 

Ова не е прв пат Џејмс да се поврзува со потенцијално нов клуб во Лас Вегас, меѓутоа, според правилата на играта не може да има сопственички удел во НБА екипа додека не замине во пензија.


Тајлер Хиро уште четири години во Мајами Хит

Кошаркарот на Мајами Хит, Тајлер Хиро, се согласи на повеќегодишно продолжување на договорот со клубот.     

Според претставниците на Хиро, новиот договор е дизајниран за четири години, за време на кои кошаркарот ќе заработи 130 милиони долари. Хиро беше избран од Мајами хит како тринаесетти пик на драфтот во 2019 година. 

Минатата сезона Хиро беше прогласен за најдобар шести играч во НБА-лигата.


Грифин потпиша едногодишен договор со Бостон Селтикс

Грифин потпиша едногодишен договор со Бостон Селтикс

Американските медиуми ја пренесуваат веста дека кошаркарот Блејк Грифин потпиша едногодишен договор со тимот на Бостон Селтикс.

Минатата година Грифин настапуваше за Бруклин Нетс, а во Бостон пристига како замена за Италијанецот Данило Галинари кој заработи посериозна повреда на коленото и поради тоа подолг период ќе биде надвор од терените.

Блејк Грифин во својата 12 годишна НБА кариера го има носено дресот на ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс, Детроит и Бруклин.


Дончиќ: Уживам дури играм за словенечката репрезентација

Кошаркарот на НБА лигашот Далас, Лука Дончиќ, изјави оти уживал во секој момент додека настапувал за репрезентацијата на Словенија, пренесуваат денес американските медиуми.     

Дончиќ ова лето играше за Словенија во квалификациите за Светското првенство 2023, а потоа и на Европското првенство на кое неговата репрезентација не успеа да ја одбрани титулата откако загуби во четвртфиналето.

„Се чувствувам добро, но по завршувањето на ЕП дневно спиев 13-14 часови. Успеав да се одморам. Со репрезентацијата на Словенија минав два месеци. Во тој период многу тренирав и имаше многу емоции, им изјави Дончиќ на новинарите по враќањето во Далас. 

Настапите за репрезентацијата бараат многу одрекување. Понекогаш посакуваш да си на некоја плажа, а не на тренинг. Меѓутоа, уживав во секој момент играјќи за Словенија“, додаде Донќиќ. 

Новата сезона во НБА лигата стартува на 18 октомври.


Радуљица е нов центар на Црвена Звезда

Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Србија Мирослав Радуљица е ново засилување на Црвена Звезда.

34-годишниот центар со црвено-белите потпиша двегодишен договор. Негов последен ангажман беше во Кина, а претходно има настапувано и за Ефес, Партизан, Милвоки Бакс, Минесота.

Својот прв натпревар за новиот клуб, Радуљица ќе го има во сабота против екипата на МЗТ Скопје во АБА лигата.


Јанис: Стеф Кари е најдобриот во светот

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, има клучен критериум што му овозможува да го одреди најдобриот кошаркар во светот.    

„Знам дека сум ефикасен и му помагам на тимот да успее, јас сум на листата на најдобрите. Имам доволно искуство и зрелост за да го разберам ова. Дали се сметам себеси за најдобар на светот? Според мене најдобар е оној кој со својот тим отиде до самиот крај и го направи шампион. Пред неколку години, кога го направивме ова, легнав во кревет и тивко реков: „Можеби јас сум најдобриот на светот“. Но, сега – не. Најдобриот е победникот. Најдобар во светот во моментов е Стеф Кари“, изјави Јанис. 

Адетокунбо заедно со Кари и со Леброн Џејмс се најголемите ѕвезди последните неколку сезони во НБА-лигата.


Марк Гасол се пријави за настап со Џирона во Ендеса лигата

Центарот Марк Гасол оваа недела и официјално ќе почне да настапува во шпанското кошаркарско првенство како играч на Џирона.     

37-годишниот Шпанец ја основа Жирона во 2014 година и оттогаш е претседател на клубот. Правилата на шпанското првенство не му дозволија официјално да се пријави на турнирот како играч. Сепак, собранието на лигата ги одобри измените на правилата, објави „Марка“. 

Сега Гасол ќе може да ги извршува двете позиции: претседател и играч. Пред да ја започне кариерата во НБА, Шпанецот играше за Жирона од 2006 до 2008 година. Клубот се распадна во 2013 година, но Гасол основаше нова негова верзија.


Јокиќ: Планирам да останам во Денвер до крајот на кариерата

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој е двократен МВП на НБА лигата, изјави дека сака да биде во екипата тоа што некогаш во Сан Антонио беше легендарниот Тим Данкан.

„Сакам да бидам Тим Данкан на Денвер Нагетс, но за да бидам како него ќе мора да освојам неколку шампионски прстени“, изјави Јокиќ за американските медиуми.

Јокиќ потенцира и дека планот му е да го носи дресот на Денвер до крајот на кариерата, бидејќи се чувствува одлично во тимот и градот.