кошарка

Пешиќ ја одбил моќната Барса за да остане селектор на Србија

Светислав Пешиќ, изјави дека имал понуда да се врати во Барселона, но дека ја одбил за да остане селектор на српската кошаркарска репрезентација, Пешиќ во два мандати беше во Барселона, со клубот стана европски првак во 2003 година.

Оваа информација Пешиќ ја неодамна, кога фудбалскиот клуб Барселона и гостуваше на Црвена звезда во Белград, во Лигата на шампионите. Овој натпревар Пешиќ го следеше од ВИП ложата во друштво на првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта.

„Беше одлично тој сака да доаѓа во Србија. По натпреварот бевме кај Бодирога, 20 нивни играчи дојдоа на натпреварот во Белград. Беше супер, мохата ќерка работи во акедемијата на Барселона, што значи дека никогаш не ја прекинав врската. Мојата популарност во Барселона е поголема него во Белград, но се случи репрезентацијата на Србија па се откажав. Имав договори околу Ла Масија, таму каде што се произведуваат најдобрите играчи во светот. И ден денес во Ла Масија има дел за кошаркарите“, рече Пешиќ.


Ѕвездата на Фенер скрши коска на раката, го чека долга пауза

Фенербахче скапо ја плати победата над Баерн Минхен во деветтото од Евролигата.

Тимот од Истанбул подолг период ќе биде без услугите на Девон Хол, кој заработи тешка повреда на раката.

Информациите од Турција велат дека тој ја скршил метатарзалната коска и ќе мора да оди на операција.

Американецот во Фенербахче дојде од Милано на почетокот на оваа сезона. Тој има просек од 7,7 поени, 1,8 скока и 3,7 асистенции.

Ова е голе удар за Фенербахче, бидејќи во првото коло се повреди Скоти Вилбекин. Американецот ги скина лигаментите поради што ја заврши сезоната.


Грег Попович претрпе благ мозочен удар

Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ доживеа благ мозочен удар на 2 ноември, потврди НБА франшизата.

Поповиќ е на кормилото на Спарс од 1996 година, а во претходниот период не го водеше тимот поради тогашниот „недефиниран здравствен проблем“.

Реномираниот стратег има 75 години. На Сан Антонио му донесе пет титули во НБА – 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година.

Три пати беше прогласуван за тренер на годината (2003, 2012 и 2014 година) и официјално е еден од 15. најдобри тренери во историјата на НБА.

Поповиќ беше и селектор на Соединетите Американски Држави, со кои го освоија златото на Олимписките игри во Токио.

Поповиќ веќе го започнал процесот на рехабилитација и се очекува целосно да закрепне. Франшизата е благодарна на заедницата што на семејството Поповиќ му обезбедила приватност и простор во оваа ситуација.

Помошникот Мич Џонсон ќе го замени Поповиќ како главен тренер.


Атаман се закани: ПАО може да ја напушти Евролигата и да заигра во НБА

Тренерoт на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги предупреди евролигашите да внимаваат што прават, бидејќи неговиот тим може да го напушти ова натпреварување и да се пресели во НБА лигата.

Турскиот стручњак ова го кажа при промоцијата на новата клупска апликација, и по триумфот над Макаби 93-87 во натпревар во кој имаше многу поплаки за судењето.

-Панатинаикос е голем клуб, можеби и најголемиот во Европа. Ја имаме најдобрата сала во Европа, ги имаме најдобрите навивачи во Европа, имаме најдобри резултати во Европа, а сега ја имаме и најдобрата апликација. Челниците на Евролигата треба да размисли како се однесуваат со нас, бидејќи можеби ќе добиеме покана да играме во НБА лигата, но тамошните клубови се плашат да играат во нашата сала, изјави Атаман.

Сепак, ова веројатно беше само шега како дел од маркетиншката кампања за промоција на новото партнерство, но ова не е прв пат Атаман да ги поврзува Панатинаикос и НБА лигата.

-Бостон ја освои титулата во НБА лигата и на социјалните мрежи оставија порака „шампиони на светот“, а потоа од Евролигата одговорија дека овој тим треба прво да го победи овој тим и ја објавија нашата фотографија. Американците имаат високо мислење за себе, а јас им велам ако мислат дека се најдобри на светот, нека дојдат да не победат нас, шампионите на Европа, изјави Атаман пред неколку месеци./


Пуштени билетите за кошаркарскиот спектакл Македонија – Литванија

Македонската сениорска машка репрезентација има уште една шанса да напише уште една страница од историската книга на успеси, пред себе ќе го има својот добро познат ривал, некогашниот организатор на Евробаскетот во 2011 година, и поранешен европски шампион.

На 21. оември, од 18:00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, Македонија ја пречекува селекцијата на Литванија, во третото коло од групата Х од квалификациите за Евробаскетот 2025.

Продажбата на влезниците за овој кошаркарски спектакл, кои се по симболична, и достапна цена за сите љубители на кошаркарскиот спорт, ќе се одвива преку онлајн сервисот на „МКТикетс“.


Пелистер со пораз се враќа од Сомбор

Кошаркарите на Пелистер останаа со минимални шанси за пласман во плејофот во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва загубија на гостински терен од лидерот Џокер со 93-84 и го претрпеа третиот пораз во четвртиот натпревар во групата Ц.

Со овој пораз, македонскиот актуелен вицешампион остана на третото место со скор од една победа и три порази, зад водечкиот Џокер (4-0) и Подгорица (2-1), која утревечер со евентуален триумф над последнопласираниот Широки Брег (0-3) ќе го обезбеди второто место во групата и пласманот во следната фаза.

Кошаркарите на Пелистер на вечерашното гостување во Сомбор имаа предност на полувремето од 53-49, но одиграа катастрофално лоша третата четвртина која ја загубија со 27-9 и не успеаја во последниот период да го избегнат третиот пораз сезонава во регионалното натпреварување.

Антоан со 18, Мишковиќ со 17 и Костовски со 16 поени беа најефикасни во редовите на Пелистер.

Во претпоследното петто коло, составот од Битола ќе му гостува на Широки Брег на 4 декември.


Џејмс највозрасен автор на „трипл-дабл“ во историјата

Лејкерси ја извојуваа шестата сезонска победа на мечот со Торонто а Леброн Џејмс постигна „трипл-дабл“ – 19 поени, 10 скока и 16 асистенции за 35 минути.

Кошаркарот кој има 40 години, стана највозрасниот играч во историјата на НБА кој забележал „трипл-дабл“ на два меча во серија.

Џејмс на претходната средба со Филаделфија успеа да реализира 21 поен, 12 скока и 13 асистенции.


Канатларовски ја собра новата У21 селекција за двомечот со Косово

Младата репрезентација на Македонија до 21 година (фудбалери родени 2004 и 2005 година) денес во хотел „Парк” го имаше првиот собир во пресрет на двата контролни натпревари со соодветната селекција на Косово.

Контролните мечеви ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје, на 14 ноември со почеток во 13:00 часот и 17 ноември во 12:00 часот.

Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Матеј Ангелов даде свое видување и коментар за новата генерација на млади фудбалери, како и за претстојните натпревари со Косово.

„За овие контролни натпревари повикани сме поголем број на фудбалери. На дуелите со Косово ќе треба да го покажеме нашиот квалитет и да ја ооправдаме довербата на селекторот. Мислам дека оваа нова генерација има квалитет и потенцијал за да оствари позитивни резултатит. Неколку фудбалери, а меѓу нив и јас имавме можност да бидеме дел и од претходната генерација, а тоа за нас претставуваше едно големо и драгоцено искуство, кое верувам дека ќе има позитивно влијание.

Двата контролни натпревари со Косово ќе ни послужат што е можно подобро да се подготвиме и воиграме за претсојните предизвици што не очекуваат во следниот квалификациски циклус. Ние како фудбалери максимално се ставаме на располагање на селекторот и стручниот тим, подготвени сме позитивно да одговориме на тоа што ќе се побара од нас на теренот. Сакаме да дадеме се од себе на следните натпревари со Косово, за да го потврдиме нашиот квалитет.

Од новата генерација може да се очекува голема сплотеност,натпреварувачки дух и желба за докажување. Сакаме да покажеме голема борба, желба и мотивација на секој натпревар, без разлика на противникот, тоа е единствениот начин како треба да се претставува репрезентативниот дрес“, рече Ангелов.

Репрезентацијата на Македонија, предводена од Драги Канатларовски, денес во 17:30 часот официјално ќе ги започне подготовките за контролните дуели со Косово.


Јончевски со најсилниот ростер против Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација ќе одигра два натпревари во месец ноември како дел од квалификациите за Евробаскетот, односно двапати ќе ги одмери силите со силната Литванија.

Натпреварите се закажани за 18-ти и 21-ви овој месец, а во најавата за овие дуели, селекторот Александар Јончевски првично го објави поширокиот список.

Првиот натпревар се игра во Скопје и тоа треба да биде подобра шанса за изненадување против главниот фаворит во групата „Х“, па поради тоа што се очекува предизивикот да биде навистина голем, Јончевски се одлучи за проверени сили.

Селекторот смета на голем број искусни кошаркари за овој двомеч со Литванците, вклучувајќи ги и нашите двајца претставници во Евролигата, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс.

Првиот натпревар ќе се одигра во СРЦ „Кале“ на 18-ти ноември во 18:00 часот, додека реваншот е три дена подоцна во Клаипеда.

Повикани играчи од селекторот Јончевски:

Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Ти-Џеј Шортс, Амар Хот, Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири, Теодор Симиќ, Максим Митевски, Андреј Митревски, Страхил Николов, Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Итан Хап, Виктор Ефремовски, Марин Петков


Кошаркарките убедливо загубија и од Португалија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија беше немоќна и во соочувањето со Португалија во четвртиот меч од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Македонските девојки беа поразени со 76-43 во натпревар во кој противникот водеше и доминираше од почетокот до самиот крај. Португалките беа подобри во сите четири четвртини, најубедливи беа во првиот и третиот период кои ги реализираа со 22-12 и 19-8.

Само една наша кошаркарка беше двоцифрена на натпреварот-Митрашиновиќ со 16 поени.

Ова за Македонија беше четврти пораз во исто толку натпревари, наредните две средби во групата ги играме во 2025 година на гостински терен против Србија и Украина.

Promoted Content

Дали често тече урина? Оваа техника ја спречува инконтиненцијата!
Nefro Aktiv