кошарка

Познати групите за новата Лигата на шампионите на ФИБА

Вкупно 32 екипи, поделени во осум групи по четири, ќе играат во новото издание на ФИБА Лигата на шампионите. Со денешната ждрепка во Мие, беа формирани и групите од новата сезона која ќе стартува на 4 октомври.

Според системот за натпреварување, првопласираните осум екипи од групите обезбедуваат директен пласман во следната фаза. Второ и трето пласираните екипи од секоја група, ќе разигруваат за уште осум места во ТОП 16 конкуренцијата.   

Директен пласман во групната фаза има за 28. екипи. За дополнителните четири места ќе се борат уште 24, екипи, и тоа во две елиминациска кола.

Регуларна сезона

Група А: Динамо Сасари (ИТА), Леново Тенерифе (ШПА), Лудвисбург (ГЕР), победник-квалификации 4

Група Б: Слам Стал Остров (ПОЛ), Манреса (ШПА), Хапоел Ерусалим (ИЗР), Пинар Каршијака (ТУР)

Група Ц: Дижон (ФРА), Лаврио (ГРЕ), Нижњи Новгород (РУС), Уникаха (ШПА)

Група Д: АЕК (ГРЦ), Фалко Шомбатели (УНГ), ВЕФ Рига (ЛЕТ), победник-квалификации 2

Група Е: Нимбурк (ЧЕШ), Галатасарај (ТУР), Игокеа (БИХ), ПАОК (ГРЦ)

Група Ф: Остенде (БЕЛ), Стразбур (ФРА), Тофаш Бурса (ТУР), победник – квалификации 3

Група Г: Дарушафака (ТУР), Хапоел Холон (ИЗР), Бриндиси (ИТА), победник – квалификации – 1

Група Х: Бешикташ (ТУР), Олденбург (ГЕР),Сан Пабло Бургос (ШПА), Ритас Вилнус (ЛИТ)

Квалификациска рунда

Четвртфинале

Шалон Вилпас (ФИН) – Клуж Напока (РОМ)

ДеЛонги Тревизо (ИТА) – Лондон Лионс (ВБР)

Јувентус Утена (ЛИТ) – Кафенберг Булс (АУТ)

Хапоел Еилат (ИЗР) – Парма Перм (РУС)

Сплит (ХРВ) – АЕК Ларнака (КИП)

Леиден (ХОЛ) – Монс (БЕЛ)

Калев/Крамо (ЕСТ) – Спортинг (ПОР)

Прометеј (УКР) – Левски Лукоил (БУГ)

ДИРЕКТНО ПЛАСИРАНИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ: Перистери (ГРЦ), Фрибург Олимпик (ШВА), Бакен Беарс (ДАН), Цмоки-Минск (БЛР), Бросе Бамберг (ГЕР), Морнар (МНЕ), Опава (Чешка), Ле Ман (ФРА)


Познати групите за олимпискиот кошаркарски турнир

Со одигрувањето на четирите финални средби на исто толку квалификациски турнири кои беа одржани минатата недела, комплетирани се групите на олимпискиот кошаркарски турнир во машка конкуренција за Токио ова лето.

По две големи изненадувања кои ги приредија Италија и Чешка изгледот на трите групи од по четири селекции за ЛОИ во Токио изгледа вака:

ГРУПА „А“: САД, Франција, Иран, Чешка

ГРУПА „Б“: Австралија, Германија, Италија, Нигерија

ГРУПА „Ц“: Шпанија, Аргентина, Јапонија, Словенија

Натпреварите во групната фаза почнуваат на 25 јули. Најдобрите две селекции од секоја од групите обезбедуваат место во четврфиналето, заедно со две најдобро третопласирани селекции од трите групи.


Олимписки турнир: Чешка на САД, Словенија кај Аргентина и Шпанија

Селекциите на Словенија, Чешка, Италија и Германија, победниците на четирите квалификациски турнир, го пополнија бројот од 12. екипи-учесници на претстојните Олимписки игри, секако во оној машки кошаркарски сегмент.

А согласно со претходно реализирана ждрепка, формирани се и трите групи од првата фаза на олимпискиот турнир кој од 25.јули до 7.август ќе се одржи во земјата на изгрејсонцето.

Кошаркарите на Чешка ќе имаат доста тешка задача, затоа што одат во групата „А“ каде се селекциите на САД, Франција и Иран.

Словенија ќе биде дел од групата „Ц“ каде Европа ја претставува светскиот првак Шпанија, тука е домаќинот Јапонија, и еден од топ-фаворитите – Аргентина.

Селекциите на Германија и на Италија кои победија на турнирите во Сплит односно Белград, се распределени во групата „Б“ во која се уште и Австралија и Нигерија.   

ОЛИМПИСКИ ТУРНИР – ТОКИО

ГРУПА А: Иран, Франција, САД, Чешка

ГРУПА Б: Австралија, Германија, Италија, Нигерија

ГРУПА Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, Словенија



Будуќност ќе настапува на „македонски“ погон

Актуелниот македонски репрезентативец Џејкоб Вајли, во наредната сезона ќе игра за екипата на Будуќност од Подгорица.

Силното американско крило со македонски пасош, се согласил на условите кои пред него ги поставил најдобриот црногорски тим во последните две децении, па по играњето за Гран Канарија, а во вториот дел од сезоната и во екипата на Сарагоса, Вајли ќе го продолжи својот кошаркарски пат кон Црна Гора, поточно во Подгорица.

Таму е веќе уште едно познато име на нашата кошаркарска јавност, екс селекторот на Македонија, Александар Џикиќ, веројатно и еден од „виновниците“ за овој трансфер.

„Да, можам да кажам дека се завршени сите детали околу договорот. Во следната сезона ќе бидам поблиску до Македонија. Ќе играм за екипата на Будуќност од Подгорица. Видете, полека но сигурно станувам Балканец. Ми се допаѓа тоа“- вели Вајли кој ги „троши“ слободните денови, пред стартот на подготовките на нашиот сениорски национален тим.

Дваесет и шест годишниот кошаркар, одлично ги покрива двете центарски позиции, а минатата сезона ја почна како играч на Гран Канарија по што уследи и позајмицата во Сарагоса.



Овој играч ќе биде шампион безразлика на победникот во НБА финалето

Милвоки Бакс ја завршија серијата против Атланта со победа на гости од 118:107 во шестиот натпревар и со вкупни 4:2 влегоа во НБА финалето. Таму ќе играат против Феникс Санс, а серијата започнува ноќта вторник кон среда.

Еден играч на Феникс беше посебно весел кога дозна дека во финалето ќе игра против Милвоки, бидејќи без разлика на конечниот победник, тој ќе биде првак.

Имено, Тори Крег воочи почетокот на сезоната, откако му истече договорот со Денвер, како слободен играч потпиша за Милвоки, меѓутоа не се наметна и во 18 натпревари во просек постигнуваше 2,5 поени за 11 минути на паркетот. Потоа, беше трејдуван во Феникс каде доста подобро се снајде и ја користи секоја прилика кога добива поголема минутажа, па во 32 натпревари има просек од 7,2 поени за 19 минути игра. 

Со оглед на тоа што тој сезонава настапуваше за двата финалисти, овој 30-годишен бек секако ќе стане НБА шампион, иако тоа не значи дека ќе добие шампионски прстен. На шампионите останува изборот дали ќе му доделат прстен и на играчот кој не ја завршил сезоната кај нив, а играчот има избор дали ќе го прифати или не.


Девана Бонер е дел од „Ол-Стар“ во женската НБА лига

На 14 јули во Лас Вегас ќе се одржи натпреварот на сите ѕвезди од женската НБА лига, а на него ќе учествува и македонската репрезентативка Девана Бонер.

За неа, ова ќе биде четврто учество на овие ревијални натпревари, а го заслужи со одличните настапи во дресот на Конектикат Сан за кои просечно постигнува по 16,1 поен и 7,4 скока. Подобра од неа во екипата е само новата босанска репрезентативка Џонкел Џонс.

Бонер има долго искуство во ВНБА лигата, но поради тоа што сезоната трае мошне кратко, во останатиот дел од годината игра за европски екипи. Од 2009. до 2019. година беше член на Феникс Меркјури со кого освои две шампионски титули (2009 и 2014 година), а од лани е играч на Конектикат Сан.


Еврокуп: Валенсија и Димитријевиќ во првиот шешир

По малку изменет формат, со повеќе екипи учесници, 20, ќе биде следното издание на Еврокупот, второто според квалитет натпреварување во Европа, во кое Македонија ќе има свој претставник.

По промената на играчката средина и трансферот во Валенсија, Ненад Димитријевиќ останува дел од ова натпреварување.

Нашиот репрезент и тимот од „Фонтета“ ја имаат таа среќа да бидат први носител пред ждрепка на двете групи, во кои ќе има по десет екипи.

По првата фаза во која ги очекуваат дури 18. натпревари, првопласираните осум одат понатаму, во осминафиналниот дел.

Ждепката е закажана за 9.јули, со почеток од 13.15 часот.

ИЗГЛЕД НА „ШЕШИРИТЕ“ ВО ЕВРОКУПОТ

1.ГРУПА: Валенсија, Андора

2.ГРУПА: Промитеас, Локомотив Кубан

3. ГРУПА: Гран Канарија, Хувентуд

4.ГРУПА: Партизан, Будуќност

5.ГРУПА: Виртус Болоња, Лиеткабелис

6.ГРУПА: Цедевита Олимпија, Тренто

7.ГРУПА: Булоњ, Бурж

8.ГРУПА: Улм, Турк Телеком

9.ГРУПА: Тофаш, Хамбург

10.ГРУПА: Венеција, Сласк Вроцлав


Квалификации за ОИ: Една четвртина доволна за Србија

Српската репрезентација стартуваше со победа на олимпискиот квалификациски турнир што се одржува во Белград.

Во првото коло од својата група, големиот фаворит ја победи Доминиканска Република со (94:76), Крајниот резултат не е реален одраз на она што се случуваше на теренот. Гостите имаа предност од 31-23 на крајот на првата четвртина, а по 30 минути игра резултатот беше 67-66 за Србија.

На почетокот од последниот квартал Доминиканците дури и израмнија на 69-69, но следуваше серија од 9-0 на Србија по која беше скршен нивниот отпор. Во тие десет минути гостите постигнаа само десет поени.

На натпреварите од останатите групи што се играа во текот на денот немаше изненадување. Полска, Германија, Литванија и Бразил славеа победи, а најмногу се измачија Германците кои во последната четвртина го скршија отпорот на Мексико.

Некако највозбудливо беше во Викторија, и тоа на двете средби од првиот ден. По голема борба, Канада го доби дербито со Грција (97:91), додека многу тешка победа реализираа кошаркарите на Турција во дуелот со Уругвај (95:86)


Феникс избори прво финале во НБА по 28 години

Трет пат во историјата, а првпат по 28 години, Феникс Санс ќе играат во НБА финалето и ќе се борат за својата премиерна титула.

Она што во 1976. не им успеа на Пол Вестфал, Алван Адамс и Пет Рајли, а во 1993. на Чарлс Баркли, Кевин Џонсон и Ден Мајерле, оваа година ќе се обидат Крис Пол, Девин Букер, Деандре Ејтон и останатите. Клубот кој 11 години воопшто не играше во плеј-офот ја покори Западната конференција.

Најзаслужен за победата од 130:103 во шестиот натпревар од финалето на Западот беше Крис Пол со 41 поен, кој со 36 години го израмни учинокот на кариерата во плеј-офот. Дури 31 поени постигна во второто полувреме, во кое Санси го добија натпреварот и предноста од девет поени ја претворија во недостижна.

Првиот натпревар од финалето ќе се игра на 6. или 8. јули, во зависност од тоа дали во финалето на Истокот ќе се игра седми натпревар. По четири одиграни, Милвоки и Атланта имаат по две победи, а петтиот натпревар се игра вечерва.


Феникс избори прво финале во НБА по 28 години

Трет пат во историјата, а првпат по 28 години, Феникс Санс ќе играат во НБА финалето и ќе се борат за својата премиерна титула.

Она што во 1976. не им успеа на Пол Вестфал, Алван Адамс и Пет Рајли, а во 1993. на Чарлс Баркли, Кевин Џонсон и Ден Мајерле, оваа година ќе се обидат Крис Пол, Девин Букер, Деандре Ејтон и останатите. Клубот кој 11 години воопшто не играше во плеј-офот ја покори Западната конференција.

Најзаслужен за победата од 130:103 во шестиот натпревар од финалето на Западот беше Крис Пол со 41 поен, кој со 36 години го израмни учинокот на кариерата во плеј-офот. Дури 31 поени постигна во второто полувреме, во кое Санси го добија натпреварот и предноста од девет поени ја претворија во недостижна.

Првиот натпревар од финалето ќе се игра на 6. или 8. јули, во зависност од тоа дали во финалето на Истокот ќе се игра седми натпревар. По четири одиграни, Милвоки и Атланта имаат по две победи, а петтиот натпревар се игра вечерва.