кошарка

Јанис ќе му се приклучи на Кари во Голден Стејт

Американските медиуми зборуваат за грчката суперѕвезда Јанис Антетокумпо, поточно дали ќе ги напушти Милвоки Бакс.

Крилниот центар засега мудро молчи, но добрите НБА експерти веруваат дека постои основа за приказна за тоа како најдобриот кошаркар на Милвоки, кој е желен да освои уште еден прстен, би можел да го промени тимот.

Антетокумпо го носи дресот на Бакс 12 сезони и ги водеше до шампионската титула пред четири години.

Раководството на Милвоки направи сè за да го задоволи Антетокумпо и неговите спортски амбиции, па пред две години го доведоа еден од најдобрите шутери во лигата, Дамијан Лилард, од Портланд.

Но, тоа не помогна, Бакс беа елиминирани во првото коло од плејофот во последните две сезони (двата пати беа елиминирани од Индијана Пејсерс).


Србија испиша историја, го совлада Кипар со 67 разлика

Кошаркарската репрезентација на Србија оствари рекордна победа совладувајќи го Кипар со 122-55. Ова беше пријателски натпревар во пресрет на претстојниот Евробаскет, каде Кипар ќе настапува како ко-домаќин.

Селекцијата на Србија по триумфот над Грција синоќа, денешниот дуел го одигра без неколку од главните играчи, на кои селекторот Светислав Пешиќ им даде одмор. Најефикасен на дуелот беше Тристан Вукчевиќ со 24 поени.

Во составот на Србија го немаше ниту Василије Мициќ, кој ги пропушти двата дуела во Лимасол поради повреда.


Илиевски: Евидентно е дека се уште недостасува искуство

Кошаркарите на Македонија вечерва го претрпеа и вториот пораз во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. По денешниот пораз од Унгарија 96:58, селекторот на македонскиот тим Марјан Илиевски изјави:

„Очекував денешниот натпревар да биде малку поинаков бидејќи мислам дека овие 38 разлика се премногу во однос на квалитетот на двете репрезентации. Мислам дека нашите кошаркари премногу ги респектираа Унгарците и тука треба да се бараат причините за нашиот пораз. Одигравме добра четвртина, но противникот беше исклучително расположен за шут. Погоди 15 тројки со 40% шут од дистанца. Екипата поседува квалитет и денеска беше мошне мотивирана за победа пред своите навивачи кои дадоа голема поддршка. Задоволен сум од младите кошаркари и се надевам дека во иднина ќе играме многу подобро, но ни останува да се подобруваме, во секој поглед. Верувам дека во иднина ќе се надградуваме, а она на што треба да обрнеме внимание е дека кога резултатот оди во негатива, да не бараме брзи решенија бидејќи така само се продлабочува кризата. Јас им давам поддршка на играчите, тие даваат максимум, но евидентно е дека се уште недостасува искуство“, вели Илиевски.Илиевски: Евидентно е дека се уште недостасува искуство

Македонија следниот натпревар го игра на гости против Романија, а на 20.август е домаќин на Унгарија.


Убедлив пораз на македонските кошаркари во Солнок

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација, го впиша вториот пораз во прет-квалификациите за Светското првенство 2027 година.

Во натпревар второто коло на „Б“ групата, Македонија попладнево во Шолнок загуби убедливо од Унгарија со 58-96.

Само една добра и тоа прва четвртина одиграа македонските кошаркари. Во првиот квартал си играше рамноправно иако домашниот состав постојано беше во водство. Сепак, на крајот на десетте минути Унгарците имаа само еден поен 19-18. Очајна слабата игра во одбраната во вториот квартал и донесен унгарската селекција огромна предност. Го добија домаќините тој период со 34:19, па заминаа на одмор со плус 16 (53-37).

Уште тогаш беше јасно дека Унгарците ќе се израдуваат на првата победа, а во второто полувреме само рутински ја одржуваа разликата.

За македонската селекција веќе во среда следува нов натпревар и тоа на гостински терен во Ородеја против Романија која веќе оствари две победи.


Вајли потпиша за клуб од Литванија

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли, кариерата ќе ја продолжи во Литванија. Вајли постигнал договор со вице првакот на Литванија, Лијетувас Ритас.

Американецот со литванскиот клуб договори едногодишна соработка. Вајли има значително искуство играјќи во Европа, како и во НБА. Минатата сезона ја мина во шпанска Гранада и тимот Гигантес де Каролина од Порторико.

Крилниот центар во кариерата играше и за Панатинаикос, Гран Канарија и Будуќност.


Ташовски: Со Унгарија мора да бидеме над нашите можности

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа пристигна во Солнок, каде в сабота против Унгарија ќе го одигра и вториот меч од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Виктор Ташовски кој е дел до бековската линија во сениорскиот тим, во пресрет на дуелот со Унгарците вели:

„На натпреварот со Романија одиграме релативно добро, но пресуди нашето неискуство. Се уште сме многу млади, имаме некои играчи кои се во улога на дебитанти. Во дуелот со Унгарија, треба да пробаме да ги намалиме грешките. Што помалку грешки, толку подобро. Мислам дека нашата транзиција беше делумно добра. И сметам дека ако имаме подобра транзиција, можеме да извадиме и подобар резултат на гости. Македонија треба да биде над своите можности. Веројатно ќе бидеме во улога на аутсајдери на овој натпревар. Но ништо не е нереално. Но јас ќе бидам оптимист, и ќе кажам дека одиме на победа. Како на натпреварот со Унгарија, така и на следното гостување во Романија. Не е нереално да се победи и таму, така да очекувам победа на двата меча“ – смета Ташовски.


Хамиду Диало потпиша за Басконија

Нов играч на кошаркарскиот клуб Басконија е Хамиду Диало, победникот на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот, во 2019 година.

Диало е уште еден во низата кошаркари со солидна НБА репутација кои ова лето решија да се натреваруваат во Евролигата.

„Басконија додаде атлетизам во својот состав со тоа што го потпиша крилниот играч Хамиду Диал на две години“, објави клубот од Виторија.

Родениот во Квинс пристигнува по сезона со Шанкси Лангс, во Кина, каде што имаше просек од 22,5 поени, 7,3 скока и 3,1 асистенции по натпревар.

Својот најдобар натпревар го одигра во Кина против Жеџијанг кога постигна 46 поени.

Покрај американскиот пасош, тој има и пасош на Гвинеја.

Во својата кариера, одигра 256 натпревари во најсилната лига, беше драфтуван во 2018 година од Оклахома, по што играше и за Детроит, Бруклин и Вашингтон.


Кевин Лав се согласил на трансфер во Лос Анџелес

Кевин Лав најверојатно жи кариерата ќе ја продол во Лос Анџелес. Според Брет Сигел, Никси губат интерес да потпишат so ветеранот, а двата тима од Лос Анџелес се чини дека се најдобрите опции за Лав.

И двата клуба ќе мора да направат некои прилагодувања пред да потпишат со него.

„Клиперсите и Лејкерсите сè уште имаат по едно место во тимот. Но, ако Лејкерсите сакаат да го добијат Лав и повторно да го спојат со Леброн, ќе мора да се откажат од уште еден договор бидејќи се само 1,1 милион долари под првиот праг на данок на луксуз. Клиперсите се во суштина во истата ситуација, со нивниот простор за ограничување на капиталот за 1,2 милиони долари под тој лимит“, пишува Сигел.

Лав сè уште е под договор со Јута.


Милан формира кошаркарска секција

Џери Кардинали, раководителот на компанијата „Ред берд капитал“ и мнозински сопственик на Милан, е во контакт со Адам Силвер, комесарот на НБА.

Според веста на „Газета дело спорт“, Милан би можел да добие сестрински клуб во кошарка, сличен на оние што ги имаат Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче, Партизан и Црвена звезда.

Близу до такво нешто се и Манчестер сити и Пари Сен Жермен. Причината за создавањето на кошаркарската секција ќе биде НБА-лигата, која има намера да го прошири своето присуство на „стариот континент“.


Лони Вокер се врати во Европа и потпиша за Макаби Тел Авив

Американскиот бек Лони Вокер е новото засилување на Макаби Тел Авив. Вокер се враќа во Евролигата откако минатата година потпишa за Филаделфија 76ерс.

Во тоа време, тој се истакнуваше во дресот на Жалгирис и го доби посакуваниот договор во НБА. Сепак, откако нивната соработка не продолжи, тој го истражуваше пазарот, барајќи да види дали може да добие договор, но тоа не се случи.

Тој доби понуда од Макаби вредна 10.000.000 евра за целото времетраење на тригодишниот договор и ја прифати. Така, тој е еден од најплатените играчи во Европа во моментов.

Во текот на претходниот период во Евролигата, Вокер постигнуваше просек од 13,6 поени во дресот на Жалгирис, додека на средина од сезоната отиде во Филаделфија каде што имаше 12,4 поени.