кошарка

Познати сите учесници на Ол стар викендот

На нешто повеќе од две недели пред Ол-стар натпреварот во Сан Франциско (15-17 февруари), НБА ги објави конечниот список на тимовите од Источната и Запдната конференција.

Минатата недела беа познати стартните петорки, а сега се познати и резервите. Прв пат на Ол стар натпреварот ќе настапи Виктор Вембањама, а втора година по ред повик не доби плејмејкерот на Атланта Тре Јанг, кој е водечки асистент во НБА со 11,7 асистенции во просек по натпревар.

Јанг е првиот играч во историјата кој две години по ред има во просек 22+ поени и 10+ асистенции, а не добил повик да настапи на Ол стар натпреварот.

Што се однесува до Источната конференција, Џејлен Брунсон (Њујорк), Донован Мичел (Кливленд), Јанис Адтетокунбпо (Милвоки), Џејсон Тејтум (Бостон) и Карл-Ентони Таунс (Њујорк) се стартери, а резерви се: Џејлен Браун (Бостон), Паскал Сиакам (Индијана), Дариус Гарланд (Кливленд), Кејд Канингем (Детроит), Еван Мобли (Кливленд), Демијан Лилард (Милвоки) и Тајлер Хиро (Мајами).

На Западот, стартери се Стеф Кари (Голден Стејт), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Кевин Дурент (Феникс), Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс) и Никола Јокиќ (Денвер), а резерви Ентони Едвардс (Минесота), Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Џејмс Харден (ЛА Клиперс), Џерен Џексон Јуниор (Мемфис), Алперен Шенгун (Хјустон), Џејлен Вилијамс (Оклахома) и Виктор Вембањама (Сан Антонио Спарс).


Мајами пак го суспендира Џими Батлер

Кошаркарот на Мајаки Хит Џими Батлер одново доби суспензија на неопределено време.

Управата на Мајами и тренерот Ерик Сполстра сакаа да го вратат ветеранот во тимот, меѓутоа според најавите тој одбил да биде резерва против Орландо Меџик.

Наводно Батлер го напуштил тренингот откако увидел дека не е во првата петорка за мечот кој се одигра изминатата ноќ. По ваквото однесување челниците на франшизата ја обновија суспензијата на Џими Батлер и повторно на неопределено време. Тој пропушти девет од последните 12 натпревари на тимот, а со сите сили се обидува да избори трејд.

Периодот за размени во НБА лигата трае до шести февруари, меѓутоа засега нема добра опција која му одговара на Мајами за трејд на Батлер.


Виктор Вембањама ќе игра за Франција на Евробаскетот

Виктор Вембањама го потврди учеството на следното Европско првенство. Така Евробаскетот ќе добие дополнителен квалитет, особено кога станува збор за репрезентацијата на Франција, која сега ќе биде еден од фаворитите за самиот врв.

Оваа информација ја потврди претседателот на Кошаркарската федерација на Франција, Жан-Пјер Хунклер, во интервју за „Ле Прогрес“. Тој изјави дека младиот суперталент го изложил својот став и дека ќе биде со репрезентацијата доколку нема проблеми со повредите.


Мајами кова план како да го доведе Лука Дончиќ

Легендарниот Пет Рајли, прави планови како да го донесе Лука Дончиќ во Мајами Хит.

Мајами Хит во наредниот период, до 6.февруари, планираат да се разделат со првата ѕвезда Џими Батлер. Планот на Мајами е јасен, со заминувањето на Батлер, франшизата ќе ослободи голема сума пари в селери капот. Доколку Батлер остане во Мајами и наредната сезона, Хит ќе мора да му плати 52,4 милиони долари.

Мајами Хит прават стратешки планови за летото 2026 година, кога би можеле да имаат над 80 милиони долариво селери капот.

Како што пишува „Мајами Хералд“, ова е нешто што би им овозможило да се вклучат во трката за потписот на Лука Дончиќ, кој во 2026 ќе стане слободен играч.


Абу Даби домаќин на завршниот турнир на Евролигата

Завршниот турнир на Евролигата ќе се игра од 23 до 25 мај во Абу Даби.

Во соопштението се наведува дека Евролигата, Одделот за култура и туризам – Абу Даби и Етихад арената потпишале договор за домаќинство на Ф4 Евролигата во главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Првото полуфинале е закажано за 23. мај од 16 часот по средноевропско време. Второто полуфинале ќе се игра истиот ден од 19 часот.

Финалето е закажано за 25. мај во 18 часот.

Билетите за Ф4 ќе бидат пуштени во продажба од 26 февруари.


Реал потпиша со Бруно Фернандо

Кошаркарите на Реал Мадрид добија нов играч за продолжението од сезоната во Евролигата и Ендеса лигата.

Станува збор за центарот од Ангола Бруно Фернандо, кој во Мадрид пристигнува по долга НБА кариера.

Бруно Фернандо беше избран како вториот пик во 2019 година од Филаделфија, која веднаш го размени во Атланта.

Фернандо помина две години во овој тим, но играше многу и за развојниот тим на Хокс, пред да се пресели во Бостон Селтикс во 2021 година.

И таму најмногу време мина во развојниот тим, а подоцна играше за Торонто Репторс.

Сега тој пристигнува во Реал Мадрид, кој на центарските позиции ги има Серж Ибака и Валтер Таварес.

Реал по 23 кола е на шестото место во Евролигата со скор од 13 победи и десет порази.


Попович спремен да се врати на тренерскиот занает

Грег Попович треба да се врати на тренерската работа. Според извршниот директор на Сан Антонио, Р.Ц. Бафорд, клубот очекува 75-годишниот тренер повторно да го води тимот во некоја фаза.

„Тој е се подобар секоја недела. Не можеме точно да кажеме кога ќе се врати, но, тоа ќе се случи во одреден момент“, рече Бафорд.

Попович пред да доживее мозочен удар, го водеше тимот на првите пет средби на стартот на сезоната.


Зенит го врати ветеранот Швед во руската Премиер лига

Рускиот кошаркар Алексеј Швед се враќа во европската кошарка по авантурата во кинескиот клуб Шанши Лунгс откако Зенит го потврди потписот на 36-годишникот на договор кој важи до крајот на сезоната 2024/2025.

Кошаркарот својата професионална кариера ја започна во 2006 година и во текот на истата постигна бројни успеси. Тој е освојувач на Евролигата, два пати најдобар стрелец во тоа натпреварување, МВП на Еврокупот и бронзен олимписки медалист со руската репрезентација.


Дончиќ пропушти многу натпревари, нема да биде во конкуренција за МВП наградата

Лука Дончиќ повеќе нема да има право да конкурира за индивидуалните награди оваа сезона во НБА лигата.

Ѕвездата на Далас Маверикс ќе го пропушти неделниот натпревар против Денвер Нагетс, што не е изненадување со оглед на тоа дека веќе е надвор од теренот поради повреда на левата потколеница и се очекува да отсуствува најмалку уште две недели.

Дуелот со Денвер ќе биде 17-ти натпревар што Дончиќ го пропушта оваа сезона, со што ќе ја прекине серијата од пет последователни појавувања во All-NBA First Team изборот.

Исто така, тој автоматски е елиминиран од трката за наградата МВП.

Дончиќ се приклучува на растечката листа на ѕвезди кои нема да го исполнат условот на НБА од 65 натпревари за да можат да бидат во конкуренција за наградите на крајот од сезоната. На таа листа се Каваи Ленард, Џоел Ембид, Зион Вилијамсон, Паоло Банкеро и Чет Холмгрен.

„За жал, тоа е норма сега со правилата кои се поставени“, изјави тренерот на Маверикс Џејсон Кид.

„Кога имате сериозна повреда, тоа може да ве исклучи, но сите знаеме дека тој е еден од најдобрите играчи. Секогаш се споменува како кандидат за наградата МВП”.


МЗТ Скопје го доби дербито со Пелистер

Кошаркарите на МЗТ Скопје му одржаа лекција на Пелистер (82-62) во дерби средбата од 13. коло во Првата лига.

Бранителот на трофејот покажа далеку повеќе на средбата во СЦ „Јане Сандански“, го разби противникот и со тоа му се одмазди за тесниот пораз на првиот меч одигран во Битола

„Металците“ ја добија првата четвртина со 20-7, втората со 19-17 и со убава предност од 39-24 заминаа на пауза. Пелистер подобро се снајде во вториот период (20-23), ама домаќините одново одговорија во завршните десет минути и забележаа конечно славје од 20 разлика.

Ова за клубот од Аеродром беше десетта победа во сезоната, најефикасен беше Едвин со 18 поени, Маслинко додаде 15, а Магдевски имаше дабл-дабл од 16 поени и 10 скока. Кај поразените Стајиќ и Антоан реализираа по 14 кошеви.