кошарка

Џејкоб Вајли повторно во „црвено-жолтиот“ дрес на Македонија

Џејкоб Вајли е повторно дел од сениорската репрезентација на Македонија.

Американецот со македонски пасош, без размислување го прифати повикот на селекторот Марјан Илиевски, за повторно да заигра за Македонија.

И тоа во вистинско време, кога и тоа како ни е потребен играч од таков калибар, да го затвори рекетот, и со својата физичка доминација да ја засили онаа внатрешна линија во селекцијата која ова лето ќе игра претквалификациски мечеви за пласман на Светскиот Куп 2027 година.

„Искрено сум пресреќен што дојдов овде по неколку години пауза. Мотивацијата е на највисоко ниво, штом стапив во контакт со луѓето од федерацијата без многу размислување прифатив. Среќен сум што со мене дојде и моето семејство, кое ‘во живо’ ќе ги следи моите настапи за македонската репрезентација. Едвај чекам повторно да го облечам дресот на Македонија“ – изјави Вајли по пристигнувањето во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија.

Силното крило ќе биде и највозрасен кошаркар во нашата селекција, од кого дефинитивно ќе се очекува заедно со Магдевски и Мекиќ како најискусни да ја предводат Македонија во новиот предизвик – претквалификациите за Мундобаскетот во 2027 година.

„Знам дека репрезентацијата е подмладена и сметам дека тоа е природна работа. Да, добро е што младите кошаркари ќе добијат можност да блеснат на сениорско ниво. Допрва ќе тренираме и ќе се воигруваме, свесен сум дека во овој процес на подмладување мојата улога како лидер ќе биде уште позначајна, но подготвен сум за тоа. Ќе дадам се за да помогнам, да внесам позитивна енергија на тренинзите и на натпреварите, да помогнам со своето искуство и да дадам придонес да стигнеме до што подобри резултати“ – истакна „повратникот“ во нашата најдобра селекција.


Јакимовски го откажа настапот во претквалификациите

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со интензивните подготовки во Гевгелија, каде што тренира во спортскиот центар „Ноел“, а е сместена во хотелот „Аполонија“, лоциран во срцето на градот во јужниот дел на државата.

Но, стручниот штаб се соочи со нова главоболка – отсуството на Андреј Јакимовски. Иако се очекуваше да им се приклучи на соиграчите, по неговиот потпишан договор со италијанскиот клуб Тренто, медицинските тестови откриле помала повреда што ќе го оддалечи од теренот најмалку петнаесет дена.

Поради тоа, Јакимовски нема да биде во можност да настапи во натпреварите од претквалификацискиот циклус, што претставува дополнителна компликација за селекторот Илиевски во креирањето на ростерот за мечевите против Романија и Унгарија.

Во меѓувреме, репрезентацијата го очекува пристигнувањето на натурализираниот играч Вајли, кој треба да пристигне утре во Гевгелија. Со неговото доаѓање, стручниот тим конечно ќе го има целиот состав подготвен за првиот натпревар на 2 август во Куманово против Романија.


Ждрепката одлучи: Женската сениорска репрезентација на Македонија во група со Грција, Хрватска и Данска

Денешната ждрепка во Минхен нашата женска сениорска репрезентација ја дочека во четвртиот „шешир“, заедно со оние на Естонија, Кипар, Австрија, Ирска, Азербејџан.

А одлучи дека нашата женска сениорска репрезентацијаа ќе биде дел од групата Ф во која се уште селекциите на Грција, Хрватска и Данска.

Вкупно 38. национални селекции кои го пријавија своето учество во квалификциите, ќе треба да поминат две фази, прва и втора квалификациска, преку четири „прозори“ на ФИБА.

ГРУПА А: БиХ, Израел, Луксембург, Ирска
ГРУПА Б: Словенија, Летонија, Холандија, Естонија
ГРУПА Ц: Словачка, Полска, Романија, Кипар
ГРУПА Д: Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Австрија
ГРУПА Е: Црна Гора, Украина, Бугарија, Азербејџан
ГРУПА Ф: Грција. Хрватска, Данска, МАКЕДОНИЈА
ГРУПА Г: Србија, Португалија, Исланд
ГРУПА Х (ОРГАНИЗАТОРИ): Белгија. Шведска. Литванија, Финска


Дејвид Џонс-Гарсија доби договор во Сан Антонио

Дејвид Џонс-Гарсија ќе продолжи да работи со Сан Антонио. Кошаркарот (23 години, 198 см) ја помина првата сезона во развојната лига откако ги заврши активностите во колеџот.

Тој се покажа во светло издание во Летната лига откако направи просек од 21,6 поени, 6,2 скока и 3,8 систенции.

Џонс- Гарсија доби понуда од 2 милиони евра годишно од Олимпијакос но, одлучи да остане во САД. Тој ќе потпише двонасочен договор.


Словенецот Чанчар потпиша за Олимпија Милано

Влатко Чанчар, долгогодишен кошаркар на Денвер Нагетс и словенечката репрезентација, ќе игра во Евролигата следната сезона.

Како што беше официјално потврдено во вторникот, крилниот кошаркар ќе биде новиот член на Олимпија од Милано.

Чанчар ја започна својата кариера во Словенија во Олимпија од Љубљана, а во 2016 година се пресели во Белград, каде што играше за Мега две сезони.

Во март 2018 година, замина во Шпанија, каде што играше за Бургос до крајот на сезоната 2018/19. (имаше просек од 10,2 поени и 3,8 скока по натпревар).

На НБА драфтот во 2017 година, тој беше избран од Денвер Нагетс како 49-ти пик, а во НБА пристигна во 2019 година и остана до сезоната 2024/25.


Србинот Петрушев пред потпис со Дубаи

Српскиот репрезентативец Филип Петрушев ќе стане нов играч на Дубаи.

Според српските и грчките медиуми, Петрушев ќе потпише тригодишен договор со тимот од Обединетите Арапски Емирати.

Неговиот тим Олимпијакос ќе добие околу 500.000 евра за предвремено раскинување на соработката, а тие пари ќе ги плаќа Петрушев во период од две години.

Многу се пишуваше и зборуваше за Петрушев по завршувањето на сезоната. Се чинеше дека можеби ќе може да остане во Црвена звезда, која за раскин на договорот беше подготвена да му плати на Олимпијакос 1,2 милиони евра.

Неколку Евролиги беа заинтересирани, пред сè Фенербахче и Монако, на крајот кошаркарот изненади со одлуката да замине во Дубаи.

Во својата професионална кариера, Петрушев играше за Мега, Анадолу Ефес, Црвена звезда двапати, а беше и во НБА, каде не доби шанса. за кратко време смени два клуба: Филаделфија, Сакраменто, па реши да се врати во Европа, во Олимпијакос.

Минатата сезона, тој забележа 14,1 поен со 4,9 скока и 1,7 асистенции во 28 натпревари од Евролигата во дресот на Црвена Звезда.


Димитријевиќ пред враќање во руската кошарка

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ, ќе ги напушти редовите на Олимпија Милано и ќе се врати во руската лига, тврдат италијански инсајдери.

Новинарот Андреа Калцони објави дека Димитријевиќ ќе потпише двегодишен договор за вкупно три милиони евра со Зенит. Пред да дојде во Италија, 27-годишникот играше за Уникс, со кого ја освои ВТБ лигата во 2023 година.

Според Калцони, Олимпија ќе му плати на Димитријевиќ 500.000 евра, што треба да претставува разлика во договорот и на тој начин Димитријевиќ ќе стане слободен агент.

Димитријевиќ беше MВП на Суперкупот на Италија, кој Армани го освои во 2024 година, а во последната сезона во Евролигата имаше просек од 7,6 поени, 1,6 скока и 2,9 асистенции по натпревар.


Крис Пол се врати во Лос Анџелес Клиперс

Американскиот кошаркар Крис Пол се врати во Лос Анџелес Клиперс.

Како што објави Шамс Чаранија, Пол размислуваше помеѓу повеќе понуди, но на крајот ги избра Клиперс.

40-годишниот Пол така се врати во Лос Анџелес по осум години. о меѓувреме играше за Хјустон, Оклахома, Финикс, Голден Стејт и Сан Антонио. Пред Клиперс, тој играше и за Њу Орлеанс Пеликанс.

Се претпоставува дека ова ќе биде последната сезона во кариерата на дванаесеткратниот Ол-стар играч, а договорот што ќе го потпише ќе биде едногодишен, со вредност од 3,6 милиони долари.

Крис Пол е далеку од својот врв, но неговото присуство ќе им значи на Клиперс во нивната потрага по титулата и ќе му помогне на Џејмс Харден во должностите на организатор на играта.

Во својот прв престој во оваа франшиза, каде што играше од 2011 до 2027 година, тој беше исклучителен со 18,8 поени, 9,8 асистенции и 2,2 украдени топки по натпревар. Тој беше петкратен член на Ол-НБА тимот и Ол-стар играч.


Познат календарот, Евролигата почнува на 30 септември

Објавен е распоредот за регуларниот дел од сезоната на кошаркарската Евролига, за сезоната 2025/2026, која ќе почне на 30 септември со седум дуели, а следниот ден на програмата ќе бидат уште три.

Иако форматот на двокружен систем останува, проширувањето од 18 тима на 20 тима значи дека ќе има 38 кола во регуларната сезона наместо 34.

Двојки за првото коло: Хапоел Тел Авив – Барселона, Дубаи – Партизан, Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив, Црвена звезда – Милано, Панатинаикос – Баерн, Басконија – Олимпијакос, Виртус – Реал Мадрид (сите на 30 септември), Монако – Жалгирис, Фенербахче – Париз и АСВЕЛ – Валенсија (сите на 1 октoмври).


Брин Форбс ќе го замени Милвоки со грчки Арис

Поранешниот кошаркар на Милвоки, Брин Форбс, ќе ја продолжи кариерата во Грција.

Бекот шутер ќе ја продолжи кариерата во Арис. Триесет и едногодишниот Американец наскоро ќе потпише договор со грчкиот клуб, објавија тамошните медиуми.

Кошаркарот помина седум сезони во НБА, играјќи за Сан Антонио, Милвоки, Денвер и Минесота. Тој одигра 431 натпревар, со просек од 8,8 поени.

Последен пат кога стапна на теренот на НБА беше во февруари 2023 година. После тоа, играчот беше обвинет за семејно насилство.