кошарка

Сесар ја презема хрватската репрезентација

Јосип Сесар е назначен за нов селектор на хрватската машка кошаркарска репрезентација.

Во најтесниот круг кандидати за нов хрватски селектор беше и актуелниот предводник на белгиската репрезентација и Остенде, Дарио Ѓерѓа.

Новиот хрватски селектор, кој како играч има настапи со репрезентацијата на три европски првенства (1997, 1999, 2001), тренерската кариера ја почна во 2020 година.

Претходно оваа година Сесар со Цибона го освои првиот тренерски трофеј – Купот Крешимир Ќосиќ.


Соборен рекордот на посетеност во НБА-сезоната

Најсилната кошаркарска лига на светот (НБА) постави неколку рекорди на посетеност во сезоната 2022/23, пренесува „The Athletic“.

Сезонава беше соборен рекордот за вкупна посетеност на сите натпревари – 22.234.502 навивачи. Претходниот рекорд беше поставен во сезоната 2017/18 (22.124.559).

Исто така, во оваа сезона, просечната посетеност на секој натпревар надмина 18.000 навивачи по натпревар (18.077).

Лигата ги ажурираше и распродадените натпревари – вкупно 791. Претходниот рекорд за натпревари со полн капацитет изнесуваше 760, беше поставен во сезоната 2018/19.


Димитријевиќ и Уникс се чекираа во полуфиналето на ВТБ лигата

Одлична партија на Ненад Димитријевиќ во дресот на Уникс Казан кој со убедливи 3-0 во плејофот го елиминира тимот на Парма Перм. 

Во третиот меч тимот од Казан славеше со 73-52 и ја потврди доминацијата во четвртфиналната фаза. Македонецот во рускиот тим забележа 12 поени и беше прв стрелец забележувајќи уште и еден сккок, 6 асистенции и една украдена топка. Димитријевиќ на овој меч одигра 26 минути и потврди дека е подготвен да го предводи Уникс Казан до пласман во финалето за што ќе мора да ги одмери силите најверојатно со екипата на Зенит која е фаворит во пресметката со МБА Москва. 

Сега Македонија има два претставници во полуфиналето на ВТБ лигата откако претходно учество во оваа фаза  обезбеди и ЦСКА Москва на нашиот стратег Емил Рајковиќ.


Дончиќ казнет со 35.000 долари заради некоректниот гест кон судиите

Лука Дончиќ е казнет со 35.000 долари поради „грубо и непрофесионално однесување“ за гестот кон судиите во натпреварот против Голден Стејт.

На една секунда до крајот, Словенецот промаши шут за израмнување на дуелот со Дрејмонд Грин под обрачот.

Дончиќ очекуваше дека требаше да се досуди прекршок, но судиите не мислеа така. Словенечкиот кошаркар тогаш кон судиите направи гестикулација за пари, алудирајќи дека се потплатени против нив.

Ваквиот потег се смета за навреда за целата НБА лига, па затоа и Дончиќ доби казна. Во Далас можат да бидат среќни што не беше казнети и со одредена суспензија.


Успешно пресадена ‘рскавица на левото колено на Лонзо Бол

Кошаркарот на Чикаго, Лонзо Бол, беше опериран во понеделникот за да му биде пресадена ‘рскавица на левото колено.

Според главниот тренер на Булс, Били Донован, оваа ретка процедура ќе му даде на Бол добри шанси да ја продолжи кариерата. Ниту еден НБА играч досега немал трансплантација на ‘рскавица.

„Фокусиран сум да се вратам на теренот со моите соиграчи. Тоа беше непријатен процес, но сигурен сум дека следните чекори се најдобриот пат за мене. Поддршката од семејството, пријателите, навивачите и медицинскиот персонал во текот на процесот на опоравување ме одржува да одам напред“, рече Бол.

Бол имаше три операции на коленото во последните 14 месеци.


Јокиќ со историски бројки во НБА, го надмина и легендарниот Чембрлејн

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ  испиша нова страница во историјата на НБА лигата. Играчот на Денвер го надмина и легендарниот Вилт Чембрлејн.

Јокиќ влезе во историјата после остварениот трипл-дабл против Бруклин Нетс, кога постигна 22 поени, 17, скока и 10 асистенции.

Со овај учинок, Јокиќ го надмина Чембрлејн откако постигна 20 трипл-дабл поени во сезоната со најмалку 60 проценти шут од игра.


Мајкл Џордан го продава Шарлот Хорнетс

Легендарниот Мајкл Џордан одлучи да го продаде својот мнозински удел во НБА тимот Шарлот Хорнетс.

Според објавите во американските медиуми, Џордан веќе започнал преговори со групацијата која е предводена од малцинскиот сопственик на Шарлот, Гејб Плоткин, неговиот соработник од Атланта Хоукс, Рик Шнал.

Мајкл Џордан кој според многумина е најдобар кошаркар на сите времиња, е единствениот црнец кој е мнозински сопственик на тим од НБА лигата. Тој во 2010 година плати 275 милиони долари за управувачкиот пакет во Шарлот Хорнетс. Проценките се дека моменталната вредност на оваа НБА франшиза изнесува 1,7 милијарди долари.


Пелистер ќе игра во АБА2 плеј-офот против најдобрата екипа во сезоната

По одигрувањето на последниот натпревар од турнирот во Широки Бријег, познати се осумте екипи кои ќе учествуваат во разигрувањето за титулата во АБА2 лигата.

Пелистер, кој основниот дел од регионалното натпреварување го заврши на осмото место. Постоеше можност да биде седмопласиран на крајот, но Сутјеска ја победи Слога Краљево и со еден триумф повеќе заврши пред Пелистер на конечната табела. Bитолскиот тим во четвртфиналето ќе се сретне со најдобриот по основниот дел од сезоната Хелиос Санс и тоа на негов терен бидејќи овој клуб ќе биде организатор на завршниот турнир што од 12 до 16 април ќе се одржи во Домжале. На страната на Пелистер, во ждрепката, е и тимот на Теодор Симиќ, Борац Бања Лука кој во босанското дерби ќе се сретне со Широки.

Четвртфинале:

(1) Хелиос – Пелистер

(2) Борац – Широки

(3) Крка – Сутјеска

(4) Подгорица – Златибор

Полуфинале: 

Победник 1 – Победник 2

Победник 3 – Победник 4


Дурент поради повреда оди на три неделна пауза

НБА тимот Феникс Санс соопштува дека еден од најдобрите играчи во екипата Кевин Дурант поради повреда на зглобот ќе мора да паузира три недели.

Во информациите од клубот се вели дека после направените детални прегледи е утврдено оти паузата на кошаркарот ќе биде пократка од предвиденото. Дурант се повреди на загревањето пред дуелот со Оклахома. Тој  пред пристигнувањето во Феникс играше за Бруклин Нетс и имаше просек од 26,7 поени, 7,3 скока и 3,7 асистенции.

Дурант е 13 кратен учесник на Ол-стар натпреварите, има освоено две титули со Голден Стејт, во кои е прогласен за МВП на финалињата.


Пабло Ласо е можен нов тренер на Панатинаикос

Грчките медиуми пренесуваат дека шпанскиот стручњак Пабло Ласо ќе биде нов тренер на кошаркарскиот клуб Панатинаикос.

 Раководството на клубот од Атина посакуваа Ласо да биде назначен за тренер веднаш после заминувањето на Радоњиќ, меѓутоа Шпанецот изразил желба да го преземе тимот на крајот од сезоната.

Според информациите од Грција, Ласо со Панатинаикос ќе потпише договор на три години и ќе биде долгорочна варијанта за клупата на атињаните.

Пабло Ласо како тренер е најпознат по своите успеси со водењето на Реал Мадрид.