кошарка

Јелена Антиќ означи крај на професионалната кариера

Maкедонската женска кошарка од денес официјално остана посиромашна за Јелена Антиќ, една од најдобрите во историјата на овој спорт кај нас.

Иако има само 32 години, Антиќ одлучи да објави крај. Неколкуте тешки повреди беа пречка да изгради кариера за каква што сигурно имаше потенцијал, иако зад неа остануваат импресивни настапи за Македонија и повеќе европски екипи.

„Имав само 15 години кога заминав од дома за да го следам својот сон. Мојот кошаркарски сон. 17 години подоцна може да кажам дека кошарката ми го подари светот. Светот на можности. Јас и ги дадов срцето, телото и умот. Вистинска длабока љубов. Но, последните години беа исцрпувачки, физички и психички. Ти благодарам за се добро и лошо, за сите победи и порази, насмевки и солзи, сеќавања и лузни. Ова не е збогум, само ќе те гледам од другата страна на линијата“, oбјави Антиќ.

Кариерата ја започна во редовите на Младинец, потоа се пресели во САД каде што играше за средното училиште „Либерти Академија“, па универзитетот „Ливерти флејмс“.

Сениорското европско деби го направи во Партизан каде што помина три сезона, а потоа го носеше дресот на: Радивоје Кораќ, Макаби Ашдод, ЦСУ Алба, Лулеа Баскет, Висла Краков и Баскет Кам


Букер ќе игра за САД на олимпискиот турнир во Париз

Ѕвездата на Феникс Санс, Девин Букер, ја изрази својата подготвеност да биде дел од тимот на САД на Олимпијадата во 2024 година. Букер му одговори на Кајл Кузма, кој смета дека проблемот со тимот на САД е неможноста на играчите да ја прифатат улога во тимот.

„Ќе го направам тоа. Ќе играм за САД на ЛОИ во Париз следната година“, потврди Букер.

Тимот на САД го освои четвртото место на Светското првенство во 2023 година, што се смета за комплетно фијаско.


Познат МВП тимот, Шрудер е МВП на Мундобаскетот

По завршувањето на последните два меча на Светското првенство во кошарка кое годинава се одржа на Филипините и во Индонезија и Јапонија, ФИБА ја објави и најдобрата петорка на шампионатот. Во неа се најдоа предводниците на пет селекции кои влегоа во битка за медалите. Први во редот се Богдановиќ (Србија) и Дончиќ (Словенија), а со нив и Денис Шрудер од Германија кој го доби и признанието МВП, како и Американецот Ентони Едвардс и Канаѓанецот Шај Гилџес-Александер.


Бертанс се повреди и предвреме го заврши Мундобаскетот

Капитенот на летонската кошаркарска репрезентација Даирис Бертанс се повлече од Светското првенство поради повреда на бутот, соопшти денеска Летонската федерација.
Бертанс се повреди во неделата за време на втората четвртина од
натпреварот против Франција, кој Летонија го доби со 88-86 во
Џакарта.
Тој беше најдобар стрелец на тимот со 20 поени во првиот натпревар
на турнирот на 27 август и победа од 109-70 против Либан.
Летонија првпат игра на Светско првенство, а со две победи во
групата Х се пласираше во втората фаза од натпреварувањето.
Денешниот натпревар меѓу Летонија и Канада ќе решава за првото
место во групата, бидејќи и Канада има две победи.


Пешиќ ги одбра српските адути на Мундобаскетот

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ го објави списокот на играчи кои ќе настапат на престојоното Светско првенство.

Србија на Мундобаскетот најверојатно ќе ја претставуваат: Стефан Јовиќ, Алекса Аврамовиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Дејан Давидовац, Бориша Симаниќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Душан Ристиќ и Никола Милутинов. Во игра е и името на Алакса Раданов, но тој ќе биде прва опција за замена.


Супер-дуел на почетокот на новата НБА сезона

НБА лигата го објави распоредот за новата сезона. Шампионот Денвер Нагетс одбраната на титулата ќе ја започне на домашен терен во меч против ЛА Лејкерс на 24 октомври.

Исто така на првиот ден од регуларниот дел, Феникс ќе игра на гости кај Голден Стејт.

На 25 октомври, Бостон ќе ја посети легендарната арена „Медисон Сквер Гарден“, каде ќе се сретне со Њујорк. Истиот ден, францускиот феномен Виктор Вембањама ќе дебитира во НБА на домашен терен во Сан Антонио против големата европска ѕвезда со подолг стаж во лигата, Лука Дончиќ и неговиот Далас.

На 26 октомври, Филаделфија ќе ја отвори сезоната под водство на новиот тренер Ник Нурс против Милвоки.

На Божиќ, ќе се играат дуелите Њујорк – Милвоки, Мајами – Филаделфија, ЛА Лејкерс – Бостон, Феникс – Далас и Денвер – Голден Стејт.


Супер-дуел на почетокот на новата НБА сезона

НБА лигата утрово го објави распоредот за новата сезона.
Шампионот Денвер Нагетс одбраната на титулата ќе ја започне на
домашен терен во меч против ЛА Лејкерс на 24 октомври.
Исто така на првиот ден од регуларниот дел, Феникс ќе игра на гости кај Голден Стејт.
На 25 октомври, Бостон ќе ја посети легендарната арена „Медисон
Сквер Гарден“, каде ќе се сретне со Њујорк. Истиот ден, францускиот
феномен Виктор Вембањама ќе дебитира во НБА на домашен терен
во Сан Антонио против големата европска ѕвезда со подолг стаж во
лигата, Лука Дончиќ и неговиот Далас.
На 26 октомври, Филаделфија ќе ја отвори сезоната под водство на
новиот тренер Ник Нурс против Милвоки.
На Божиќ, ќе се играат дуелите Њујорк – Милвоки, Мајами –
Филаделфија, ЛА Лејкерс – Бостон, Феникс – Далас и Денвер –
Голден Стејт.


Леброн: Ќе играм додека можам да дадам максимум

Леброн Џејмс долго време е на големата кошаркарска сцена, па повеќе од јасно е дека е се поблиску до крајот на неговото активно патување во овој спор.

Џејмс веќе две децении е активен во НБА лигата, поточно досега има настапувано за Кливленд Кавалирс, Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс каде игра од 2018 година.

Тој дефинитивно е еден од најголемите на сите времиња, ас кој страна најдобар стрелец во најсилната лина на светот, но и на 38 години не размислува за пензија.

„Вистинското прашање е дали можам да играм без мамење. Кога ќе дојде денот кога не можам да дадам се од себе на паркетот, тогаш ќе се повлечам. Среќа за вас, денеска не е тој ден“, рече Леброн.


Американецот Џо Рис потпиша за македонскиот прволигаш Феникс 2010

Американскиот интернационалец, Џо Рис е нов член на македонскиот кошаркарски прволигаш Феникс 2010.

Рис ја покрива крилната и центарската позиција, а во новата средина доаѓа од Универзитетот Дукејн каде во НЦАА првенството имаше учинок од 9.6 поени, 4.7 скокови и 1.3 асистенција.

Претходно Феникс го промовираше и Шакур Даниел кој дојде до Универзитетот Тартелон од Тексас каде имаше бројки од 7.9 поени, 3.1 скок и 3.0 асистенции по натпревар.

Кога се во прашање странците прволигашот ги има на располагање уште Деандре Томас и Кејлех Стивенс.


Големо засилување за Олимпија Милано, Џон Вол доаѓа меѓу „манекените“

Кошаркарот, Џон Вол, кој има пет настапи на Ол-стар викендите во НБА, ќе има можност да се пресели на Стариот континент во екипата на Олимпија Милано.

Голема ѕвезда на Вашингтон имаше три сезони по ред со најмалку 10 асистенции по натпревар но, неговите одлични настапи беа прекинати со серија тешки повреди.

На крајот на 2020 година Вашингтон одлучи да го испрати Вол во Хјустон Рокетс. Таму помина само една сезона пред да се пресели во ЛА Клиперс. Вол има 647 натпревари во НБА со просек од 18,7 кошеви, 4,2 скока и 8,9 асистенции.