кошарка

Дамир Мулаомеровиќ нов селектор на Хрватска во кошарка

Хрватската кошаркарска федерација го назначи денеска Дамир Мулаомеровиќ за нов селектор на националниот тим, на местото на Вељко Мршиќ со кого изминатиот викенд спогодбено ја раскина соработката.

Новиот селектор Мулаомеровиќ е поранешен хрватски репрезентативец и поранешен селектор на селекциите на Босна и Херцеговина и на Косово.

Мулаомеровиќ во февруари 2022 година беше избран за помошник селектор и тесно соработуваше со својот претходник Мршиќ во стручниот штаб на хрватската репрезентација.

Во својата долга кошаркарска кариера, Мулаомеровиќ има една титула во Евролигата, која ја освои во сезоната 2001/02 со атински Панатинаикос.


Лејкерси доставија понуда и пакет за потпис на Џерами Грант

Кошаркарот на Детроит Џерaми Грeнт им е интересен на челниците на Лос Анџелес Лејкерс. Според доверливиот Марк Стајн, тие дури подготвиле понуда која Пистонс ќе ја испратат.

„Езерџиите“ би ги испратиле Тејлон Хортон-Такер, Кендрик Нан и пик од првата рунда на драфтот во 2027 година во замена за Грент.

Тој е барана „роба“ во НБА во последните неколку недели, што не е изненадувачки со оглед на игрите што ги пружа откако пристигна во Детроит, дури и оваа сезона.

Крилниот центар има просек од 20,1 поени и 4,8 скока за 33 минути по натпревар.

Кога станува збор за оние кои би тргнале во спротивна насока, Кендрик Нан се уште не дебитирал поради повреда на коленото, додека Хортон-Такер е редовно во трејд приказните.

Неодамна американскиот новинар на „Атлетик“, Џон Холингер, ја анализираше ситуацијата на Тален Хортон-Такер и истакна дека постои шанса тој да биде разменет за Богдан Богдановиќ во Атланта и дека тоа би бил одличен потег во кој сите би профитирале.


Леброн Џејмс води во гласовите за овогодинешниот Ол-стар натпревар во НБА

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е лидер по добиени гласови од фановите за учество на претстојниот Ол-стар меч организиран од НБА лигата.

17-кратниот учесник на овие натпревари,Џејмс досега собра 6,8 милиони гласови, а Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс е втор со нешто повеќе од 6 милиони гласа.

Третата позиција според фановите ја има членот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ со 4,1 милиони гласови.

Ол-стар натпреварот треба да се одржи на 20 февруари во Кливленд, каде Леброн Џејмс 11 сезони играше за екипата на Кавалирс.  


Нов рекорд на Кари: 158 натпревари со најмалку една тројка

Ѕвездата на Голден Стејт, Стивен Кари во победа против Јута (123-116), постигна 28 поени со 9 асистенции и направи уште еден НБА рекорд.

Имено, најдобриот „тројкаш“ во историјата на лигата, успеа да дојде до неверојатна серија од 158 натпревари на кои успеал да постигне по најмалку една тројка. Ова е нов рекорд во историјата на лигата.

Стивен го собори сопствениот рекорд кој беше поставен на 1 декември 2018 година.


Белград и Берлин прават рокада, следниот Ф4 на Евролигата во Србија?

Завршниот турнир во Евролигата оваа сезона најверојатно ќе се игра во Белград. Иако главниот град на Србија ја истакна својата кандидатура за домаќин на „фајнал-фор“ следната сезона, како „бомба“ одекна веста дека тоа може да се случи порано од очекуваното. Наводно, сите детали се договорени и Белград треба да биде домаќин на вистински кошаркарски спектакл. 

Заменик градоначалникот Горан Весиќ пред неколку недели најави дека Белград ќе се кандидира за организација на завршниот турнир во Евролигата, а се веруваше дека тоа ќе биде следната година, бидејќи овогодинешниот турнир му беше доделен на Берлин. Весиќ минатата недела преговарал со Евролигата и му понудил на Белград да го замени Берлин, бидејќи поради епидемиолошките мерки во германската престолнина немало да биде можно присуство на публика. 

Од друга страна, Белград им даде гаранции на челниците на Евролигата дека навивачите ќе можат да присуствуваат на турнирот во „Штарк Арена“, но само со валидна потврда за вакцинација. Тоа беше доволно челниците на Евролигата практично да ја донесат одлуката завршниот турнир од Евролигата да се пресели во главниот град на Србија. Останаа само детали за да се официјализира рокадата на домаќинство.


Харден најави заминување од Бруклин

Ѕвездата на Бруклин Нетс, Џејмс Харден има опција да ја промени средината на крајот од оваа сезона.

Американецот има опција во договорот да стане слободен играч или да земе 47 милиони долари на основа на продолжување следната година.

Останува прашањето што ќе избере поранешниот МВП на НБА, а сега се шпекулира дека се уште не одлучил.

Можно е Харден да ја смени франшизата, која би била негова четврта, откако пред Бруклин играше за Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер.


Дали оваа е најатрактивниот потег во НБА оваа сезона?

Расел Вестбрук со монструозно забивање против Руди Гобер.
Дали оваа e најдоброто забивање за оваа сезона?


Дурант го чека нова долга пауза заради повреда

Кевин Дурант го повреди коленото и како што потврдија од клубот тој ќе биде надвор од тимот на Бруклин Нетс на неодредено време.

На еден од најдобрите играчи на денешницата му е дијагностицирана повреда на лигаментите на левото колено, а стручниот штаб на чело со Стив Неш се надева дека Дурант би можел да биде на теренот за четири до шест недели.

Дурант се повреди синоќа на дуелот со Њу Орлеанс (120:105).

Американскиот кошаркар дојде во Бруклин од Голден Стејт во 2019 година, а паузираше една година поради повреда на Ахиловата тетива. Сезонава има просек од 29,3 поени, 7,4 скока и 5,8 асистенции.

Нетси се втори на Западот со учинок 27-15, а во повеќето натпревари не можат да сметаат на Кајри Ирвин кој не сака да се вакцинира.


Леброн Џејмс со извинување до фановите на ЛА Лејкерс

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс,преку порака на Твитер, упати извинување до сите навивачи на клубот поради слабата игра и серијата на порази на тимот.

„Ви се извинувам и ветувам дека ќе се подобриме“ стои во Твитер постот на Леброн.

Лејкерс забележаа три порази на последните три средби во НБА лигата, за што заработија голем број на критики од навивачите, но и од бившите легенди на клубот.

ЛА Лејкерс се осми во Западната конференција со 21 победа и 22 порази.


Клеј Томпсон по пауза од 941 ден повторно настапи за Голден Стејт

Еден од најдобрите играчи и шутери во екипата на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон, по 31-месечна пауза поради повреда се врати на кошаркарскиот терен.

Томпсон одигра одлична партија во победата на Вориорс над Кливленд при што за 20 минути игра успеа да постигне 17 поени, 3 скока и 1 асистенција.

Неговото повторно враќање го израдува целиот тим и стручниот штаб на екипата а посебно навивачите на Вориорс од кои доби огромен аплауз и овации.