кошарка

Пјаниџани доби отказ, Цедевита Олимпија ангажираше нов тренер

Цедевита Олимпија ја официјализираше веќе најавената тренерска смена, словенечкиот првак најпрвин обелодени дека се разделува од Симоне Пјаниџани, по што за нов кормилар беше именуван Зоран Мартиќ.

Директорот на Цедевита Олимпија, Владо Илиевски, по консултациите со највисоката управа реши да се раздели од Пјаниџани, официјалната причина се здравствени проблеми на италијанскиот стратег, но неофицијално челниците на клубот биле незадоволни од катастрофалните резултати во Еврокупот, каде овој тим има неверојатни 0-13.


Харис Делалиќ од Игокеа се сели во МЗТ Скопје

МЗТ Скопје е во преговори за ангажман на ново засилување во своите редови, и тоа од редовите на АБА-лигашот Игокеа.

Станува збор за репрезентативецот на БиХ, Харис Делалиќ, кошаркар висок 200 сантиметри кој настапува на крилната позиција и во наредниот период би требало да му се приклучи на актуелниот шампион на Македонија.

Делалиќ е играч кој од 2022 е член на Игокеа, а претходно има настапувано за Слобода Тузла, Челик Зеница, Босна, Какањ.

Делалиќ единствените меѓународни предизвици ги имал во Белгија, каде настапувал за екипите на Шарлроа и на Лувен.


Хрватски репрезентативец потпиша за Партизан

Кошаркарскиот клуб Партизан доведе ново засилување за продолжението од сезоната, што барем малку ќе го засени неочекувано убедливиот пораз кај Задар во АБА лигата.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ потфрлија во Хрватска, но затоа од денеска на располагање имаат хрватски репрезентативец.

Се работи за Американецот Џејлин Смит, кој е натурализиран хрватски репрезентативец, а доаѓа од редовите на Виртус Болоња.

За Смит кој игра на позицијата плејмејкер, српскиот тим ќе биде петти откако ја започна европската авантура, а покрај во Италија, има настапувано уште во неколку тима во Германија.


Се повредија уште двајца битни кошаркари на Партизан

Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ , се соочува со големи проблеми во ростерот.

Аврамовиќ и Трифуновиќ извесен период се надвор од терените поради повреда а сега ќе им се приклучат и Смаилагиќ и Дозер. Првиот имаше проблеми со зглобот на мечот со Задар и со помош на колегите го напушти теренот додека Дозер исто така на неколку минути пред крајот на средбата се пожали на болка.

Двајцата допрва ќе одат на детални лекарски прегледи за да се утврди степенот на нивните повреди.


Лесор добро мина, не е сериозно повреден

Францускиот кошаркар Матијас Лесор се повреди на мечот против Олимпија Милано, но според последните информации не станува збор за сериозна повреда и тој ќе се врат на следниот меч во четврто во кошаркарската Евролига.

Во прв момент сите помислија дека станува збор за сериозна повреда, но на крајот се испотави дека се е во ред со францускиот репрезентативец кој ќе може да настапи на следниот меч каде избраниците на Ергон Атаман ја пречекуваат белграска Црвена Звезда.

Поранешниот член на Партизан на некои три минути пред крајот нанатпреварот, во една акција се обиде атрактивно да забие и запише поени, но тоа тргна по зло за него по падот.

Тој веднаш падна на грб и јасно се виде дека чувствува и прави болни гримаси, па потоа беше изнесен од терен со помош на соиграчите.


Распродаден Ф4 на Евролигата во Берлин

Евролигата соопшти дека се распродадени билетите за Ф4 турнирот
во 2024 година, кој ќе се одржи во Берлин.
Влезниците во претпродажба се „распродадоа“ за само еден час, а во
јавна продажба беа распродадени за помалку од четири часа.
Стандардната цена на билетот беше 519 евра. Очигледно, ниту цената
на билетите не беше пречка тие да се распродадат набргу.


Навивачот расист на Олимпијакос доби доживотна суспензија од терените

Навивачот на Олимпијакос што го навредуваше евролигашкиот судија Жозеф Бисанг од Франција, доби доживотна суспензија од натпреварите во Евролигата и во Еврокупот, додека тимот од Пиреја веднаш му го одзеде сезонскиот билет.

По тој повод, итно реагираше Евролигата, објавувајќи соопштение.

Евролигата изрече забрана за навивач и доживотно му забрани влез на кој било натпревар организиран од Евролигата (вклучувајќи го и Еврокупот) и на кој било негов настан, поради расистички коментари упатени кон еден од членовите на нашиот судиски тим на натпреварот Олимпијакос – Валенсија, одигран на 15 декември 2023 година – се вели во соопштението на Евролигата.


Максвитис се спаси од отказ од клупата на Жалгирис

Литванскиот тренер Казис Максвитис беше пред отказ во Жалгирис по поразот од Партизан во Евролигата што беше трет едноподруго натпревар без победа, се споменуваше и Тринкиери како негов заменик, но на крајот ништо од тоа. Играчите на Жалгирис застанаа зад Максвитис и му ја сочуваа работата.

Како што пишува литвански „Баскет њуз“ се случил пресврт во таборот на Жалгирис затоа што играчите не се сложиле со одлуката на раководството да го смени тренерот.

Поради тоа, раководството одлучи да ја промени одлуката и да не го менува тренерот кој е во литванскиот клуб од април 2022 година.

Максвитис успеа да му ја донезе на Жалгирис двојната круна во Литванија, додека во оваа сезона веќе има два порази во домашниот шампионат и слаб скор во Евролигата (5-9).


Калатес ги „пакува куферите“ од Фенербахче

Ник Калатес ќе си замине од Фенербахче откако турскиот гигант го избра Шарунас Јасикевичиус за нов шеф на стручниот штаб.

Грчкиот плејмејкер водеше војна со овој тренер додека двајцата беа дел од Барселона, конфликтот резултираше со негов трансфер во Фенербахче, а ветеранот не можеше ни да помисли дека Јасикевичиус ќе пристигне во Истанбул.

Калатес беше пред заминување и во текот на летото, тогаш реши да остане и да се бори за минутажа кај Итудис, но на ветеранот му е јасно дека тоа е невозможна мисија со доаѓањето на Јасикевичиус и се очекува најдоцна до крајот на годинава да си замине од Фенер.


Легендарниот Ѓорѓевиќ најсериозен кандидат за селектор на Италија

Легендата на српската кошарка Александар Ѓорѓевиќ ќе стане нов селектор на италијанската репрезентација.
Ова го дознава Спорт клуб, кој пренесува дека Ѓорѓевиќ се уште официјално не се разделил со Кина, со која ги загуби сите три натпревари на Светското првенство летово во групата во која беа Србија, Порторико и Јужен Судан.


Ѓорѓевиќ потенцијално би го заменил Џанмарко Поцеко на клупата на Италија, кој неодамна го презеде евролигашот Асвел.
Покрај Кина, Ѓорѓевиќ беше селектор на Србија од 2013 до 2019 година со која освои три сребрени медали на ЕП, СП и Олимписки игри.
На клупски план работеше во Панатинаикос, Баерн, Виртус и Фенербахче.