Медиумите во Англија излегоа со шпекулација дека младата Ѕвезда на Арсенал, Букајо Сака, изразил желба својата кариера да ја продолжи во Ливерпул.
Неколку европски гиганти веќе ја следат ситуацијата со Сака кој има актуелен договор со Арсенал до 2024 година, и сигурно е дека клубот од Лондон нема така лесно да се откаже од екстра талентираниот играч.
20-годишниот крилен напаѓач веќе се етаблира како еден од поважните поединци во Арсенал по што заигра и за англиската репрезентација.
Букајо Сака оваа сезона на 19 натпревари има постигнато 5 гола и 4 асистенции. Неговата вредност се проценува на 65 милиони евра.
Над 300 пакети со облека, храна и играчки, донирани од околу 800 вработени
Над 300 пакети со облека, храна и играчки, беа донирани до семејства од ранливи категории во пресрет на новогодишните празници.
Хумани граѓани, вработени во трите битолски фирми, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, кои имаат претставништва во Битола, Скопје, Гевгелија, Охрид, Струга, Радовиш, Валандово, Куманово, Струмица, Штип, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Гостивар, Кичево и Велес и останати помали градови, како и рурални средини, се здружија и покажаа дека она што за еден е малку, за друг е многу. Акцијата беше во соработка со Црвен Крст, а се донираше онаму каде што Црвениот крст одлучи дека тоа е најпотребно.
Под мотото „Подари среќа, подари радост“, беше организирана оваа акција, која заврши со одличен исход, а беше донирана во очи празникот Св. Никола.
Од Црвен крст истакнаа, дека оваа хуманитарна акција е една од најголемите која била спроведена во државата, се заблагодарија на соработката, и посочија и останатите компании, организации, поединци и останати хумани луѓе да донираат и да помогнат да нема гладни сограѓани.
„Секој заслужува радост и среќа особено за време на празниците. А ние сакавме да ја покажеме нашата хуманост и да ги поттикнеме останатите компании и ннивните вработени во Македонија да го следат нашиот пример. Затоа што добрите дела остануваат засекогаш, а среќните лица на оние кои се најранливи, се глетка која навистина ја топли душата. Токму заради ова, оваа хуманитарна акција ќе биде традиционална и ќе ја организираме секоја година. Им посакуваме на сите Среќна Нова година и Божиќни празници!“, посочи менаџментот на овие фирми.
Овие три фирми од Битола, донираат и помагаат во континуитет, до сега помогнале на бројни семејства и поедницни, како и инситуции, цркви и манастири, а успешно и секоја година организираат акција за дарување на крв, каде последниот пат беа собрани над 120 единици со крв.
Хуго Лорис после Тотенхем се враќа во Франција
Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис има желба да се врати во Франција и да заигра за Ница после истекот на неговиот договор со клубот од Лондон следното лето.
Фудбалскиот клуб Ница е матичен клуб на Лорис, каде тој ја започна својата голманска кариера и од каде потоа премина во Лион.
Во Лион помина пет години за во 2012 година да се пресели во Лондон и Тотенхем.
Лорис влегува во последните 6 месеци од актуелниот договор со Тотенхем и веќе е извесно дека не планира продолжување на соработката со клубот и најверојатно ќе замине како слободен играч.
Монако го отпушти тренерот Нико Ковач
Медиумите во Франција ја пренесоа информацијата дека Фудбалскиот клуб Монако му врачил отказ на досегашниот тренер, Нико Ковач.
Како причина за отпуштањето на хрватскиот стручњак, од клубот ги наведуваат слабите резултати на екипата во последниве месеци.
50-годишниот Ковач го води Монако од јули 2020 година. Тој претходно беше тренер во Бундеслигата каде ги водеше екипите на Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт. Во својата кариера Нико Ковач беше и селектор на хрватска репрезентација.
По одиграни 19 натпревари, Монако има 29 бодови и се наоѓа на шестото место од француската Лига 1.
Нападнат и ограбен Жоао Кансело од Манчестер Сити
Играчот од одбраната на Манчестер Сити, Жоао Кансело, преку социјалните мрежи ја пренесе информацијата дека бил жртва на напад.
Португалскиот репрезентативец објави фотографија со објаснување за случката.
„За жал, денеска бев нападнат од четворица кукавици кои ме повредија и се обидоа да го повредат и моето семејство. Еве што се случува кога ќе се спротивставите. Ми го украдоа целиот накит и ми нанесоја повреди на лицето. Не знам како е можно да постојат толку лоши луѓе. За среќа семејството ми остана неповредено и сите се добро. После толку многу препреки во мојот живот, ова е уште една што ќе ја надминам. Силен како и секогаш“, напиша Кансело на својата објава.
Одложен натпреварот помеѓу Лестер и Норвич
Одложена е средбата од Премиер лигата помеѓу екипите на Лестер и Норвич кој требаше да се одигра на 1.јануари 2022 година.
Одложувањето е направено по барање на екипата на Норвич која поради зголемен број на ковид случаи и повредени играчи не е во можност да состави екипа со потребниот број на играчи по правилата на Премиер лигата, односно 13 играчи плус голман.
Ова е втор одложен натпревар за Норвич оваа сезона. Првиот беше против Вест Хем на 18 декември. За екипата на Лестер ова е веќе трета одложена средба.
Кулушевски побарал трансфер од Јувентус
Шведскиот репрезнетативец со македонско потекло Дејан Кулушевски не е задоволен во Јувентус и побарал трансфер од раководството.
Кулушевски оваа сезона не добива голема минутажа од Алегри и сериозно размислува да ја промени средината.
Јувентус е во потрага по класичен напаѓач и е спремен да го „жртвува“ Кулушевски, па е спремен да слушне понуди во јануари.
Швеѓанецот со македонско потекло има само 21 година и сака да се пресели во средина каде што ќе има голема минутажа.
Пандемијата го одложи Светското младинско првенство во хокеј на мраз
Светското првенство во хокеј за млади репрезентации кое требаше да се реализира во Канада е одложено поради ковид-19 откако во три селекции беа откриени заразени играчи.
Во исто време, раководството на Меѓународната федерација (IIHF) имаше итен состанок и одлучи целосно да го откаже Светското првенство, како и да ги започне подготовките за организација на нов турнир во 2022 година.
„Од јануари започнуваме да работиме на организација на новото првенство. Нема да се откажеме. Можно е да се одржи во јуни или во некое друго време во летото“, коментираше шефот на ИИХФ, Лук Тардиф.
Милик се враќа во Серија А, Јуве фаворит за неговиот потпис
Јувентус нема баш најдобри резултати оваа сеозна, а еден од проблемите на тимот на Алегри е офанзивниот дел. Повеќе напаѓачи се поврзуваа со клубот од Торино, а едно од последните имиња е Аркадиуш Милик, напаѓачот на Марсеј кој со францускиот клуб има договор до летото 2022 година.
Милик во редовите на Марсеј пристигна од Наполи минатата сезона, а сега Јувентус сака да го врати во Серија А. Милик прикажуваше одлични настапи во дресот на Наполи каде што помина четири сезони.
За репрезентацијата на Полска Милик собра 61 натпревар и постигна 16 гола. Кариерата ја започна во Горник потоа се пресели во Бундеслигата во Аугусбург и Баер Левенркузен пред да направи трансфер во Ајакс од каде што дојде во Наполи.
Челзи покажува интерес за Тео Хернандез од Милан
Според „Тутоспорт“, Европскиот шампион Челзи, стапил во контакт со Милан во врска со евентуално ангажирање на Тео Хернандез.
Тренерот Тухел, сака да ја засили одбраната на тимот, посебно после повредата на Бен Чилвел кој најверојатно нема да игра до крајот на сезоната. Според информациите, од Челзи за левиот бек на Милан понудиле износ од 50 милиони фунти.
Од Милан пристигна првичен одговор дека немаат намера за продажба на еден од нивните најдобри играчи, кој има договор до 2024 година а веќе преговараат за негово продолжување до 2026