feature

Нкунку пројави желба да си замине од Челзи

Кристофер Нкунку ги разгледува опциите да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок. Французинот е во втор план кај Енцо Мареска, нема доволно минутажа, освен во Конференциската лига за која никој не е заинтересиран.

Интересно е тоа што Енкунку е најдобар стрелец на Челзи во сите натпреварувања, во досегашниот тек од сезоната има постигнато 10 гола, но повеќето од нив во квалификациите, а потоа и во Конференциската лига (6), два во Лига купот и само еден во Премиер лигата. .

Се споменува дури и можност да биде купен од Манчестер јунајтед, а ситуацијата внимателно ја следат и во ПСЖ, клуб со кого и претходно беше поврзуван. Се очекува ПСЖ во јануари да го напушти 90 милиони евра платениот Рандал Коло Муани.

Челзи за Нкунку издвои 60 милиони евра, но тешката повреда го спречи да се наметне.


Ламин Јамал ќе ги скокне дуелите со Данска и Швајцарија

Еден од најталентираните и најзначајните играчи на Шпанија, Ламин Јамал, ќе ги пропушти натпреварите од последните две кола во Лигата на нации против Данска и Швајцарија.

Повредата што најдобриот млад играч на светот ја доби во Белград на гостувањето кај Црвена Звезда и поради која го пропушти синоќешниот натпревар против Реал Сосиедад во Сан Себастијан е од посериозна природа. Станува збор за истегнување на десниот скочен зглоб и тој ќе биде надвор од терените две до три недели.

Ова практично значи дека тој нема да биде во составот за натпреварите од групата 4 во А дивизијата во Лигата на нации против Данска во петок и Швајцарија во понеделник.

Шпанија веќе обезбеди пласман во четвртфиналето и место во првиот шешир за мундијалските квалификации.


Руд го декласира Алкараз на Мастерсот во Торино

Во првиот меч од групата Б на завршниот Мастерс во Торино, Каспер Руд го совлада Карлос Алкараз. Во вториот меч од 20:30 часот се среќаваат Александар Зверев и Андреј Рубљов.

Руд славеше во два сета (6-1, 7-5), за нешто помалку од 90 минути игра.

Откако спаси две брејк топки во првиот гем, Руд одигра брилијантен прв сет.

Во четвртиот гем успеа да направи брејк, а потоа спаси три брејк топки за да ја потврди таа предност. И не застана тука. Додаде уште еден брејк, поведе со 5-1 и со својот сервис ја заврши работата во првиот дел од мечот.

Алкараз прв стигна до брејк во вториот сет, но Норвежанецот возврати во седмиот. Шпанецот сервираше при 5-4 за изедначување, но тука повотрно влезе во „црна дупка“, Руди освои три гема по ред и ја прослави победата.


Серафимов: Наша цел се две победи во Лигата на нации

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Никола Серафимов, проговори за мечевите со Летонија (четврток) и Фарски Острови (недела) во завршните две кола во Лигата на нациите.

„Ова е последен собир за годинава, мислам дека досега сè што планиравме, го остваривме, се надевам дека така ќе биде и сега . По мечот во Фарски Отрови променивме некои работи и мислам дека сме на добар пат. Нема да ги потцениме двата противника, но нашата цел е да оствариме две победи.

Фарски Острови имаат нивна игра, ја препуштаат иницијативата и опасни се од контранапади и прекини. Летонија има одлични играчи во средината на теренот и во нападот. Ние сепак играме дома и одиме на максимални шест бодови“ –


Аморим уште нема виза за да пристигне во Манчестер

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим сè уште не може да допатува во Велика Британија поради проблеми со визите.

Според „Тајмс“, процесот може да се одолговлекува уште неколку дена. Триесет и деветгодишниот Португалец требаше да се приклучи на тимот на 11 ноември.

Договорот на Аморим со Манчестер јунајтед е до јуни 2027 година, со можност за продолжување на уште една година.

Аморим го предводеше Спортинг од 2020 година. Под негово водство, тимот двапати го освои португалскиот шампионат – титулата во сезоната 2020/21 беше прва за Лавовите по 19 години. Пред Спортинг, Аморим работеше за Брага.


Вардар итно побара смена на комесарот за делегирање судии при ФФМ

Фудбалскиот клуб Вардар иницира итна смена на Марјан Ристевски, комесарот за делегирање судии при Фудбалската федерација на Македонија.

Ние како клуб вината за неуспесите и поразите ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица, констатиравме дека во изминатите 13 кола Вардар е најоштетн во однос на судиските грешки. Оставаме органите и телата на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти.

Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка за ИТНА смена на Ристевски и воведување ВАР за следната сезона, стои во соопштението на ФК Вардар.

Од таборот на „црвено-црните“ очекуваат со евентуална промена на комесарот да се зголеми транспарентноста и одговорноста , како и модернизирање и зајакнување на судскиот систем во македонскиот фудбал.


Инзаги: Ако некој заслужи победа тоа беше Интер

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше разочаран по ремито во дербито со Наполи. Тој процени дека неговиот тим бил подобар.

„Ако некој требаше да победи, тоа бевме ние. Во второто полувреме доминиравме на теренот. Примивме гол од статична ситуација. Погодивме две пречки, пропуштивме и пенал, не гледам што повеќе можевме да направиме“, изјави Инзаги.


Германецот Тах фаворит да го замени повредениот Милитао во Реал

Шпанските медиуми денес објавија дека Рел Мадрид сака да го ангажира дефанзивецот Јонатан Та од Баер Леверкузен.

Корпулентниот фудбалер треба да биде замена за повредениот Милитао. На „Сантијаго Бернабеу“ го планираат и 18-годишниот Витор Реис од Палмеирас како и 21-годишниот Валентин Гомез од Велез Сарсфилд.

Фаворит останува и Лапорте и покрај неговата висока нето плата од 8 милиони евра по сезона во Ал-Насер.


Манчини и Соуса кандидати за испразнетата клупа на Рома

Роберто Манчини и Паоло Соуса се главните кандидати да го заменат Иван Јуриќ на клупата на фудбалскиот состав Рома, наведуваат дел од медиумите.

Хрватскиот стратег заработи отказ по серијата лоши резултати а челниците на тимот експресно се обидуваат да пронајдат негова замена.

Статистиката вели дека Јуриќ е најлошиот тренер во последниве 20 години што седел на клупата на „римската волчица“ гледано според резултатите.


Нови повреди во Арсенал, Артета без двајца стандардни првотимци

LONDON, ENGLAND – AUGUST 06: Bukayo Saka and Declan Rice of Arsenal celebrate following the team’s victory in the penalty shoot out during The FA Community Shield match between Manchester City against Arsenal at Wembley Stadium on August 06, 2023 in London, England. (Photo by Mike Hewitt/Getty Images)

Микел Артета, потврди дека првотимците Букајо Сака и Даклан Рајс се повредени.

„Не ми изгледа добро. Двајцата ми кажаа дека не можат да продолжат и тоа очигледно не се добри вести“, изјави Артета со потврда дека Сака и Рајс ќе продолжат со терапија во Лондон.

„Топчиите“ по кратката пауза поради настапите на репрезентациите ќе треба да играат со Нотингем Форест , Спортинг Лисабон (ЛШ), Вест Хем и Манчестер Јунајтед.