Мерцедес ја завери титулата кај конструктори

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По трката во Бразил, Мерцедес и математички ја обезбеди титулата меѓу конструкторите. Ова е деветта конструкторска титулата во историјата на Мерцедес.
Ландо Норис, кој минатата недела мораше да му ја предаде титулата на Кими Антонели, ја осѕтвари третата победа во сезоната и 14-та во кариерата на патеката „Интерлагос“, возејќи една од своите најдобри трки, и тоа во променливи услови.
Најблиску до Норис беше Макс Ферстапен од Ред Бул, кој заостануваше 13,5 секунди, откако стартуваше од последниот ред поради промена на погонската единица. На третото скалило на подиумот се најде вториот возач на Ред Бул, Исак Хаџар, кој заостануваше десет секунди зад својот тински колега.
Зад најдобрите тројца беше Џорџ Расел од Мерцедес, кој имаше шанса да се бори и за победата, меѓутоа направи катастрофална грешка, кога го напушташе пит-лејнот, при првата промена на гумите.
Новиот шампион Кими Антонели ја помина целта на петтото место, по бројните проблеми со автомобилот, потенцијално предизвикани од извртување на патеката на стартот.
Италијанецот, во моментот кога беше лидер во трката, му го отстапи водството на Норис откако се изврте на патеката, а подоцна на сличен начин му ја препушти позицијата и на Ферстапен. Поради проблеми со контролата на автомобилот, не можеше да се справи ниту со Хаџар.
Шесте заврши Оскар Пјастри од Мекларен, следуваа Шарл Леклер (Ферари), Лијам Лосон (Рејсинг Булс), Луис Хамилтон (Ферари) и Нико Хулкенберг (Ауди).
Следната трка во Формула 1 се вози за Големата награда на Лас Вегас од 20 до 22 ноември.