Официјално е одложен уште еден натпревар од Премиер лигата. Станува збор за дуелот помеѓу екипите на Евертон и Њукасл кој требаше да се одигра на 30.декември.
Од Премиер лигата известуваат дека одлуката е донесена на барање на Њукасл бидејќи поради големиот број на ковид зарази и повреди тие неможат да го соберат потребниот број на играчи за настап, односно немаат 13 играчи плус голман.
Ова е 16-ти натпревар од Премиер лигата кој е одложен во месец декември.
Краснодар го обезбеди Михтариан како спортски директор по завршувањето на кариерата
Играчот од средниот ред на Рома и еврменски репрезентативец, Хенрих Мхитарјан по завршувањето на фудбалската кариера ќе стане спортски директор на рускиот клуб Краснодар. Според информациите во ерменските медиуми, Мхитарјан веќе постигнал устен договор за соработка со сопственикот на Краснодар, Сергеј Галицки.
По завршувањето на професионалната кариера како играч, Мхитарјан ќе ја преземе позицијата во структурата на „биковите“.
Шведска го прогласи Форсберг за играч на годината
Емил Форсберг е именуван за најдобар играч шведски играч за 2021 година.
За Форсберг ова е првпат да го добие ова признание симнувајќи го од тронот Златан Ибрахимовиќ кој минатата година беше избран за најдобар по рекорден 12. пат.
„Ова признание ми значи многу. Најмногу што можам да добијам од својот народ. Показател дека зад мене е фантастична година во која бев навистина добар. Наградата ме прави горд“, истакна 30-годишникот.
Форсберг беше одличен на Европското првенство минатото лето каде што постигна четири гола. За државниот дрес до сега има 68 натпревари и 15 голови.
Алавес го смени Хавиер Каљеха
Шпанскиот прволигаш Депортиво Алавес му врачи отказ на тренерот Хавиер Каљеха. Како што потврдија од клубот, мадридскиот стратег си заминува од Алавес откако не успеа да го извлече тимот од црвената зона на табелата во првиот дел од сезоната.
Хавиер Каљеха пристигна на клупата на Алавес на 5 април 2021 година и ја постигна целта да остане во елитата, но годинава неговиот тим не успеа да се извлече од дното и моментално е на 18-то место во Ла Лига, во зоната за испаѓање. На последните пет натпревари Алавес не освои ниту еден бод.
Луис Суарез оди во Мајами на Бекам
Дејвид Бекам кој е претседател на фудбалскиот клуб Интер од Мајами, пројавува интерес за доведување на Луис Суарез од Атлетико Мадрид.
Бекам и челниците во клубот не се задоволни од тоа како се развива тимот и од фактот што не успеа да се пласира во плејофот на МЛС лигата. Екипата веќе доведе звучни имиња како што се Игуаин и Матуиди но двајцата не ги оправдаа големите очекувања и можно е нивно заминување од Мајами.
Дејвид Бекам планира да го доведе 34-годишниот Суарез кој ја игра последната година од договорот со Атлетико Мадрид, нудејќи му 2 годишен договор кој финансиски би бил исплатлив за искусниот Уругваец.
Челзи е клубот кој потрошил најмногу пари за трансфери во 21.век
Според податоците на порталот Трансфермаркт, Челзи е фудбалскиот клуб кој потрошил најмногу пари за трансфери во 21.век.
Лондонскиот клуб, кој од 2003 година е во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, од сезоната 2000/2001, на трансфери на играчи потрошил вкупно 2,4 милијарди евра.
На второ место е уште еден клуб од Англија-Манчестер Сити, со 2,3 милијарди евра, а третото и четвртото место го делат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, кои за овој период потрошиле 2.2 милијарди евра.
На петтото место е италијанскиот Јувентус со 2,1 милијарди евра, а по него следува Манчестер Јунајтед со 2 милијарди евра.
Седми е италијанскиот Интер со 1,7 милијарди евра, колку што потрошил и Париз Сен Жермен кој е осми. На деветтото место е Ливерпул со 1,6 милијарди евра, а десетти е италијанскиот Милан со потрошени 1,5 милијарди евра.
Од сезоната 2000/2001 до денес, Челзи пет пати беше шампион на Англија, 5 пати го освои ФА Купот, 3 пати го освои Лига Купот и Суперкупот на земјата, по два пати Лигата на шампиони и Лига Европа, а во 2021 година беше освојувач на Суперкупот на УЕФА.
Марсело купи португалски второлигаш
Легендарниот бразилски фудбалер Марсело Виеира направи одличен деловен потег.
Имено, левиот бек на Реал Мадрид одлучи да го купи португалскиот второлигаш, екипата на Мафре. Мафре е екипа од истоимениот град во близина на Лисабон и е стабилен второлигаш.
Ќе потсетиме, Марсело веќе има еден клуб во своја сопственост, во прашање е бразилскиот нисколигаш Азуриз кој е основан во 2018 година и со фокусот е на младинските погони. Португалските медиуми пренесуваат дека во наредниот период се очекува соработка помеѓу двата клуба.
Лоши вести за Челзи, Чилвел ја завршува сезоната
Од фудбалскиот клуб Челзи информираат дека дефанзивецот Бен Чилвел поради повреда најверојатно ја завршува оваа фудбалска сезона.
Тој заработи повреда на вкрстените лигаменти на коленото во натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Јувентус.
Од лекарскиот тим на клубот од Лондон претходно се одлучиле за рехабилитација на повредата без хирушки зафат, но сега е потврдено дека над Чилвел ќе мора да се изврши операција.
Поради тоа 25-годишниот Англичанец ќе мора да оди на долга пауза и се претпоставува дека оваа сезона е завршена за него.
Сезонава Чилвел одигра 6 натпревари за Челзи, постигна три гола и забележа една асистенција во Премиер лигата.
Милан му нуди нов договор на Тео Ернандез
Според информациите од италијанските медиуми, гигантот Милан ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Тео Ернандез кој би го загарантирал неговото останување на „Сан Сиро“.
Со новиот договор, 24-годишниот Французин би останал во Милан до 2026 година и би заработувал годишна плата од 4,5 милиони евра.
Актуелниот договор на играчот со „црвено-црните“ истекува во 2024 и со него тој има годишна плата од 1,5 милиони евра.
За Тео Ернандез интерес покажува и екипата на Париз Сен Жермен.
Алегри не смета на Артур, Јуве го става на трансфер листа
Бразилскиот фудбалски интернационалец во редовите на Јувентус, Артур Мело, најверојатно ќе биде испратен на позајмица, најавуваат денеска медиумите во Италија.
Тој не влегува во плановите на тренерот, Масимилијамо Алегри и затоа првите луѓе на клубот се обидуваат да го испратат во друг состав.
Наводно, Јуве сака да го испрати Мело во Арсенал и затоа започнал преговори со англискиот состав.